Израелски технички тим е во Доха на разговори со катарските посредници за „преостанатите прашања“ од договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, изјавил за Reuters во понеделникот официјален претставник запознаен со преговорите.

Преговорите во моментов се фокусирани на надминување на разликите меѓу Хамас и Израел според предложениот договор на американскиот претседател Џо Бајден.

Напорите на Египет, Катар и Соединетите држави да посредуваат за прекин на огнот во Газа и да преговараат за ослободување на заложниците беа плодни во последните седмици, иако ништо не е договорено, оценува Reuters.

Повеќе од една година овие три земји водеа досега неефикасни преговори за ставање крај на 14-месечната војна во Газа. Во претходните рунди, несогласувањата околу новите барања на Израел за неговото воено присуство во Газа беа пречка за договорот, дури и откако Хамас ја прифати верзијата на предлогот на Џо Бајден во мај. Преговорите во октомври не дадоа резултат, а Хамас го отфрли предлогот за краткорочно примирје.

globe

Слични новости

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Обвинителите во Боливија издадоа нагог за апсење против поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес кој е обвинет за трговија со луѓе, вклучувајќи и 15 годишно девојче со кое наводно има добиено дете.