Израелски воени авиони бомбардираа област јужно од сириската престолнина и јужната провинција Дара доцна ноќта во вторникот, соопштија жителите, безбедносните извори и локалната телевизија.
Израелски авиони го нападнаа градот Кисве, дваесетина километри јужно од Дамаск, соопшти сириски безбедносен извор и сириската телевизија. Безбедносен извор изјави дека целта била воена локација, но не наведе детали.
Израелските воздушни напади ја погодија и јужната провинција Дара, соопштија локалните жители.

Израелската војска соопшти дека нападнала воени цели во јужна Сирија, вклучително и складишта за оружје.
„Воздухопловните сили силно ја напаѓаат јужна Сирија како дел од новата политика за смирување на јужна Сирија, а пораката е јасна: нема да дозволиме јужна Сирија да стане јужен Либан“, изјави портпаролот на израелскиот министер за одбрана, Израел Кац.
„На секој обид на силите на сирискиот режим и терористичките организации во земјата да воспостават упориште во безбедносната зона во јужна Сирија ќе биде одговорено со оган“, додаде тој.
Жителите на Дамаск и новинарите на Reuters во градот слушнале звуци на авиони кои летаат ниско над главниот град и серија експлозии.
Бомбардирањето дојде неколку часа откако Сирија го осуди израелскиот упад на југот на земјата и побара повлекување на израелските сили, се вели во завршната изјава на националниот совет.
Израел ги размести своите сили во демилитаризирана зона под надзор на ОН во Сирија, откако бунтовниците предводени од Хајат Тахрир ал-Шам (HTS) го соборија поранешниот претседател Башар ал-Асад во декември.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата изјави дека Израел нема да толерира присуство на HTS во јужна Сирија, ниту какви и да се други сили поврзани со новите владетели на земјата.
Слични новости
Бундестагот одобри ново задолжување за инвестиции во одбраната
Германскиот Бундестаг во вторник ја одобри уставната промена со која се овозможува ново задолжување за потребите на реформскиот пакет на идната влада за финансирање на одбраната и економијата во износ од речиси трилион евра
Трамп и Путин се договорија за ограничен 30-дневен прекин на огнот
Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот се согласија на ограничен 30-дневен прекин на огнот против цели на украинската енергетска инфраструктура, додека разговорите за поширок мировен план ќе започнат „веднаш“, соопшти Белата куќа
Остри реакции и страв од нова ескалација по израелските напади врз Газа
Израелските воздушни напади врз Појасот Газа, во кои во вторникот загинаа повеќе од 400 луѓе, наидоа на остра осуда од Обединетите нации и некои земји, кои стравуваат дека кревкиот двомесечен прекин на огнот може да доведе до нова спирала на насилството