Израелски тенкови во средата навлегоа во северните делови на областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, а палестинските лекари рекоа дека израелските воздушни напади убиле најмалку 20 луѓе низ енклавата.
Жителите изјавија дека тенковите напредувале ден откако израелската армија издаде нови наредби за евакуација, велејќи дека од областа биле истрелани ракети. Поради тенковскиот оган насочен во близина на станбени области, семејствата ги напуштија своите домови и се упатија на запад кон блиската хуманитарна област Ал-Маваси.
Лекарите соопштија дека 11 лица загинале во три воздушни напада врз области во централна Газа, меѓу кои шест деца и еден лекар. Петмина од нив чекале ред пред пекарниата, велат локални извори. Уште девет Палестинци се убиени во Рафа, во близина на границата со Египет, соопштија лекарите.
Израелската војска не ги коментираше извештаите на лекарите.
Израелските сили петти ден по ред отовараат оган врз болницата „Камал Адван“ во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа, изјави директорот на болницата Хусам Абу Сафија, додавајќи дека тројца лекари се ранети во вторникот вечерта, од кои еден е во критична состојба
„Дроновите фрлаат бомби врз секој што ќе се осмели да се движи. Ова е итен случај“, изјавил за Reuters Абу Сафија.
Жителите на градовите Џабалија, Беит Лахија и Беит Ханун изјавија дека израелските сили разнеле десетици куќи.
Палестинците велат дека израелската армија се обидува да ги принуди луѓето од северниот раб на Газа преку принудна евакуација и бомбардирање за да создаде тампон зона. Израелската армија го негира ова и вели дека се вратила за да ги спречи борците на Хамас да се прегрупираат во област од која претходно ги протерала.
Слични новости
Најмалку 100 Севернокорејци загинале во борбите во Украина, тврди Сеул
Најмалку 100 Севернокорејци загинаа во декември борејќи се заедно со руските сили во Украина, изјави во четвртокот јужнокорејски пратеник, а слични извештаи доаѓаат од Киев и Вашингтон
Путин: Со Украина не е договорен мир поради „човекот со чудна фризура“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината, го обвини „човекот со чудна фризура“ дека и забранил на Украина да договори мир
Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин
За праведен мир во Украина и за „запирање“ на рускиот претседател Владимир Путин, потребно е единство на САД и Европската унија, како и во рамките на самата ЕУ, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски