Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во неделата дека либанската влада треба да ја исполни својата обврска за разоружување на милицијата на влијателното шиитско движење Хезболах и нејзино отстранување од југот на земјата, каде што Израел продолжува спорадично да напаѓа.
Договор за прекин на огнот меѓу Либан и Израел беше постигнат во ноември 2024 година со посредство на САД по повеќе од една година конфликт предизвикан од војната во Газа, но повремените израелски прекугранични напади продолжија.
Израелската армија објави во соопштение во неделата дека убила четворица членови на Хезболах. Кац, исто така, рече дека сите мерки ќе продолжат и ќе бидат зајакнати за заштита на израелските жители на север.
Според договорот од 2024 година, со кој се стави крај на повеќе од една година конфликт меѓу Израел и Хезболах, Либан се согласи дека само на државните безбедносни сили ќе им биде дозволено да носат оружје во земјата, што претпоставува целосно разоружување на Хезболах кој инаку има силно влијание во владите на земјата според неговата застапеност во либанскиот парламент и договорите со кои се распоредуваат трите главни функции на верските заедници.
САД, Саудиска Арабија и ривалите на шиитски Хезболах во земјата оттогаш вршат притисок врз Либан да ја разоружа милицијата.
Либански воен извор за Reuters изјави дека тие дигнале во воздух толку многу складишта за оружје на Хезболах што им снемало експлозив, но дека морале да бидат внимателни да не ги зголемат тензиите во Либан.
Хезболах, некогаш доминантна политичка партија во земјата, се тврди дека е значително ослабен во минатогодишната војна против Израел, во која загинаа наводно илјадници негови борци и долгогодишниот лидер Хасан Насралах. Во војната загинаа и над 1.100 жени и деца и беа уништени големи делови од јужен и источен Либан.
Хезболах јавно се согласи на прекин на огнот, не се спротивстави на запленувањето оружје на југ и не го нападна Израел од ноемвриското прекинување на огнот. Сепак, инсистира дека разоружувањето споменато во текстот на договорот се однесува само на јужен Либан и навестува дека конфликтот е можен доколку државата преземе натамошни чекори против движењето.
Слични новости
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија


