Откако Израел дојде до сознание дека Дамаск ќе падне во рацете на бунтовниците, го засили своето воено присуство на Голанската висорамнина. Израелската пешадија и оклопните единици потоа прејдоа на линијата на раздвојување од 1974 и ги зазедоа напуштените сириски позиции на планината Хермон, како и многубројни други позиции кои се сметаат за клучни за стабилизација на контролата врз тоа подрачје.

За време на првиот мандат на Трамп, поточно на 25 март 2019, тогашниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека Вашингтон официјално го признава суверенитетот на Израел врз Голанската висорамнина која тој ја окупираше. Тоа беше голем пресврт во политиката која пред него ја следеа пет американски претседатели, откако Израел изврши анексија врз ова подрачје во 1981.

Претседателите Роналд Реган, Џорџ Буш, Бил Клинтон, Џорџ Буш помладиот и Барак Обама одбиваа нивната земја да ја признае анексијата на Израел. Голанската висорамнина се сметаше за сириска територија која Израел ја имаше окупирано од која ќе мора да се повлече по преговори со сириската држава.

Израел ја окупираше Голанската висорамнина во војната во 1967, а потоа со „договорот за раздвојување на силите со Сирија“ од 1974 беа воспоставени линииите на разграничување меѓу Израел и Сирија.

Меѓутоа израелските сили го искористија падот на режимот на Башар ал Асад, прогласија крај на спогодбата со Сирија и продреа на подрачјата на планината Хермон и на други сириски територии.

„Сакам да му збалагодарам на мојот пријател, новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп, што го исполни моето барање за признавање на суверенитетот на Израел врз Голанската висорамнина во 2019“, порача деновиве израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

По падот на режимот на Асад Доналд Трамп на платформата Х објави: „Сирија е во хаос. Но таа не е наш пријател. САД не треба да имаат ништо со тоа. Тоа не е наша битка. Таму нека се случуваат нештата, а ние не треба да се мешаме“. Иако е тешко да се предвидат потезите на Трамп, тие во голема мерка ќе зависат и од тоа кој ќе има најголемо влијание врз него.

Изолационистичкиот блок ќе трвди дека други влади треба да ја преземат водечката улога во Сирија по војната. Но, другата струја ќе го потсетува Трамп дека слабеењето на иранското влијнаие, поддршката на безбедноста на Израел и мирот во Либан би можеле да бидат големи успеси на кои може да се надева администрацијата на Трамп.

Поранешниот заменик на државниот секретар за блискоисточни прашања Дејвид Мек вели дека „историјата не учи дека Израелците се многу вешти во тоа да ги користат сериозните грешки на своите соседи. Освен тоа, нивната воена стратегија секогаш тежи да ја обезбеди контролата врз планините и возвишенијата“. Тој смета дека постои голема веројатност дека Трамп може да прифати уште едно израелско заземање на сириски територии. Тоа пред американската јавност би можело да се оправда со тврдењето дека Израелците преземаат вакви чекори, за да спречат терористички активности од тие подрачја во иднина.

Во анализата што ја објави Институтот за Блискиот исток се истакнува дека откако Израел дојде до сознание дека Дамаск ќе падне во рацете на бунтовниците, го засили своето воено присуство на Голанската висорамнина. Израелската пешадија и оклопните единици потоа прејдоа на линијата на раздвојување од 1974 и ги зазедоа напуштените сириски позиции на планината Хермон, како и многубројни други позиции кои се сметаат за клучни за стабилизација на контролата врз тоа подрачје.

Доколку Израел се увери дека постои стабилно воено и цивилно присуство во југозападна Сирија постои можност израелската восјка да се повлече на линиите на раздвојување од 1974. Но, разузнавачите сметаат  дека е мала веројатноста ситуацијата на границата да остане мирна како што беше за време на владеењето на династијата Асад во изминатите повеќе од 50 години. Лидерот на вооружената опозиција кој ја презеде контролата врз Дамаск најави дека то планира да ја продолжи борбата со Израел.

Слични новости

Криза на германските банки за храна

Криза на германските банки за храна

Третина од банките за храна се принудени да ја прекинат дистрибуцијата на храна или да воведат листи на чекање одвреме-навреме, а 60 отсто од нив имаат намалени пакети

Зошто луѓе донираат за одбраната на убиецот на директорот на американското здравствено осигурување

Зошто луѓе донираат за одбраната на убиецот на директорот на американското здравствено осигурување

Многумина го осудија злосторството за кое е обвинет, но фотогеничното 26-годишно момче, образувано на универзитетот Ајви Лиџ, стана мешавина од народен херој, ѕвезда и интернет миленик во одредени кругови

Киев сѐ уште не е подготвен за преговори со Русија, вели Јермак

Киев сѐ уште не е подготвен за преговори со Русија, вели Јермак

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју емитувано доцна ноќта во четвртокот рече дека Киев сè уште не е подготвен да започне преговори со Русија, бидејќи нема оружје, безбедносни гаранции и меѓународниот статус што го бара