Додека европските челници на самитот во Брисел повикаа на враќање на примирјето и враќање на заложниците, израелската војска доцна во четвртокот објави дека започнала копнена операција во кампот Шабура во градот Рафах, во јужниот дел од палестинската енклава Појасот Газа.

Армијата додаде дека ги проширила своите операции во јужниот дел на Газа и ја продолжила својата активност во северниот и централниот дел на крајбрежната енклава.

Европските лидери издадоа заедничка декларација на самитот во Брисел во која повикаа на „итно“ продолжување на прекинот на огнот во Газа и враќање на сите заложници кои ги држат милитантите. Повикаа и на „непречен пристап и непречена дистрибуција на хуманитарна помош“ низ Газа.

„Овој пристап и дистрибуција, како и снабдувањето со електрична енергија во Газа, вклучително и за постројките за бигор вода, мора веднаш да продолжат“, истакнаа тие во соопштението.

Најмалку 91 Палестинец се убиени а десетици други се ранети во воздушните напади низ Газа во четвртокот, откако Израел ги продолжи бомбардирањата и копнените операции, соопшти Министерството за здравство на енклавата, со што заврши двомесечниот прекин на огнот. Од почетокот на израелските бомбардирања од воздух и море покрај копнените операции во енклавата пред два дена убиени се речиси 600 Палестинци

По два месеца релативен мир, жителите на Газа повторно бегаат да си ги спасат животите откако Израел започна нова сеопфатна воздушна и копнена кампања против палестинската милитантна група Хамас во Газа.

Израелските авиони фрлаа летоци врз станбените области, наредувајќи им на луѓето да ги напуштат градовите Беит Лахија и Беит Ханун на север, областа Шејаја во градот Газа и градовите во источната периферија на Кан Јунис на југ.

Тековната офанзива има за цел да го зголеми притисокот врз Хамас и да обезбеди ослободување на преостанатите заложници земени од Хамас и другите палестински милитанти за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац одобри натамошни воени операции во Газа.

„Веќе гледаме дека воениот притисок влијае на позицијата на Хамас. Нема да застанеме додека не се ослободат заложниците“, рече Кац.

globe

Слични новости

Израел ги интензивира нападите врз Газа за да го принуди Хамас да ги ослободи заложниците

Израел ги интензивира нападите врз Газа за да го принуди Хамас да ги ослободи заложниците

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во петокот дека израелската војска ги интензивира нападите врз Појасот Газа од воздух, копно и море за да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи преостанатите заложници

Аеродромот Хитроу затворен поради пожарот во близината

Аеродромот Хитроу затворен поради пожарот во близината

Британскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен цел ден во петок, откако големиот пожар во блиската електрична трафостаница го прекина снабдувањето со електрична енергија, што го наруши распоредот на летови ширум светот

Макрон убеден дека ЕУ повторно ќе мора да прибегне кон заедничко задолжување

Макрон убеден дека ЕУ повторно ќе мора да прибегне кон заедничко задолжување

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во четвртокот вечерта дека е убеден дека Европската унија ќе мора повторно да прибегне кон заедничко задолжување за да го врати претходниот долг и за поголеми трошоци за одбраната