Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили продолжуваат да го напаѓаат Иран и дека операцијата тукушто започна.

Портпаролот на израелската војска Ефраим Дефреин рече дека војската ќе продолжи да го спроведува нападот врз Иран се додека не се постигнат целите на операцијата, пренесе Тајмс оф Израел.

Тој рече и дека израелската војска ги следи иранските планови и испукувањето дронови и балистички проектили врз Израел, како и дека е подготвена за одговорот на Иран.

Израел ноќеска отпочна напад врз Иран, наведувајќи дека се гаѓани нуклеарни објекти, фабрики за балистички проектили, воени команданти и физичари, чија цел е да се спречи Техеран да развие нуклеарно вооружување.

Слични новости

Трамп вели дека Израел би можел да го нападне Иран, но сака да избегне воен конфликт со Техеран

Трамп вели дека Израел би можел да го нападне Иран, но сака да избегне воен конфликт со Техеран

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека израелски напад врз Иран „може да се случи“, но дека не би го нарекол неизбежен и дека би претпочитал да избегне воен конфликт со Техеран и да преговара за мирно решение на нуклеарниот спор

Над 290 загинати во падот на индискиот авион, еден патник преживеа

Над 290 загинати во падот на индискиот авион, еден патник преживеа

Повеќе од 290 лица загинаа во четврток во пад на патнички авион во индискиот град Ахмедабад, соопшти полицијата, а здравствените власти потврдија дека еден патник ја преживеал најлошата воздушна катастрофа во светот последната деценија