
Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили продолжуваат да го напаѓаат Иран и дека операцијата тукушто започна.
Портпаролот на израелската војска Ефраим Дефреин рече дека војската ќе продолжи да го спроведува нападот врз Иран се додека не се постигнат целите на операцијата, пренесе Тајмс оф Израел.
Тој рече и дека израелската војска ги следи иранските планови и испукувањето дронови и балистички проектили врз Израел, како и дека е подготвена за одговорот на Иран.
Израел ноќеска отпочна напад врз Иран, наведувајќи дека се гаѓани нуклеарни објекти, фабрики за балистички проектили, воени команданти и физичари, чија цел е да се спречи Техеран да развие нуклеарно вооружување.
Слични новости
Трамп: Се надевам дека Иран ќе се врати на преговарачката маса по нападите
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Иран не може да има нуклеарна бомба и дека САД се надеваат дека властите во Техеран ќе се вратат на преговарачката маса.
Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации
Владата на Иран соопшти дека израелскиот напад врз оваа земја во кој има голем број на загинати докажува дека „нелегитимниот режим во Ерусалим“ не се придржува до никакви меѓународни правила и закони.
Израел почна воздушни удари врз Иран, убиени се воени команданти и научници
Во израелските напади се убиени главниот командант на Корпусот на чуварите на исламската револуција генерал Хосеин Салами и начелникот на генералштабот на иранските оружени сили генерал Мохамед Багери. Убиени се и најмалку шест ирански физичари ангажирани на нуклеарната програма на Иран.