„Нападите на израелскиот непријател врз цивилите, кои се обидуваа да се вратат во нивните села кои сè уште се под окупација, резултираа со смрт на 22 лица, меѓу кои шест жени и еден војник, а 124 беа повредени на 19 различни локации“, се наведува во соопштението од либанското Министерство за здравство.
Според планираното Израел денеска требаше да го заврши повлекувањето од јужниот дел на Либан, но Тел Авив тврди дека сè уште не се исполнети условите за прекин на огнот. Тоа значи дека израелската армија ќе остане во јужен Либан, но сè уште не е познато колку време.
Договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах беше потпишан на 27 ноември и во рок од 60 дена требаше да се повлечат израелските војници и припадниците на Хезболах, а во јужниот дел од земјата да биде распоредена либанската армија.
Претходно Обединети нации соопштија дека сè уште не е безбедно во пограничните региони на Либан за враќање на бегалците.
Слични новости
Шведска: Околу десет лица убиени во училиште за возрасни
Шведската полиција во вторникот објави дека околу десет луѓе биле убиени во напад во училиште за образование на возрасни лица во Шведска, и дека верува дека напаѓачот е меѓу загинатите
Трамп ја прекинува соработката со Советот на ОН за човекови права
Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп подоцна во вторникот да ја прекине соработката на неговата земја со Советот за човекови права на Обединетите нации и да ја продолжи забраната за финансирање на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци
Столтеберг именуван за норвешки министер за финансии
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во вторникот стана нов министер за финансии на Норвешка, како дел од реконструкцијата на владата