Лејкерс и Маверикс предизвикаа возбуда во НБА, откако ESPN рано наутро во неделата објави дека тимовите завршиле со трејдот што ќе го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес и Ентони Дејвис во Далас.

Покрај трејдот во кој се вклучени двете ѕвезди, Лејкерс се согласија да ги добијат Макси Клебер и Маркиф Морис, додека Маверикс ќе го добијат Макс Кристи и пикот од првата рунда на драфтот во 2029 година, според извештајот.

ESPN објави дека Јута Џез, исто така, се вклучени во трејдот и ќе добијат Џејлен Худ-Шифин и два пика од втората рунда на овогодинешниот драфт.

Дончиќ (25) брзо стана еден од најпродуктивните играчи во НБА од неговото доаѓање во 2018 година го повреди потколеницата на крајот на декември на натпреварот меѓу Далас и Минесота и сѐ уште не се вратил на паркетот. Лука Дончиќ минатата сезона го предводеше Далас до финалето на НБА.

Дејвис (31), кој има шампионска титула со Лејкерс, девет пати беше селектиран во Ол-стар тимот, а оваа сезона во 42 натпревари (сите стартови) има просек од 25,7 поени, 11,9 скока, 3,4 асистенции и 2,1 блокади.

globe

Слични новости