На Електронскиот национален регистер на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.
Станува збор за олеснување на административните постапки и возможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на ргани по смртта.
Министерот за здравство Алиу појасни дека целта на измените на законот е волјата на граѓаните да биде примарна, а системот потранспарентен и подоврелив.
Предвидено е и воведување национална листа која ја води Министерството за здравство во „Националниот систем за електронски евиденции во здравството“, како и други административно-технички доуредувања на законскиот текст.
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


