Обвинителите во Боливија издадоа нагог за апсење против поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес кој е обвинет за трговија со луѓе, вклучувајќи и 15 годишно девојче со кое наводно има добиено дете. 65 годишниот Моралес трвди дека обвинението против него е „стратегија за блокирање на неговата претседателска кандидатура во 2025“ како и дека е жртва на брутална правосудна војна која ја организирал сегашниот претседател на Боливија Луис Арсе, пренесува Гардијан.

Обвинителот рече дека налогот за апсење треба да биде спроведен но дека постои ризик по животот на полицајците, затоа што Моралес е под заштита на производителите на кокаин во руралниот регион Кочабамба.

Моралес беше претседател на Боливија од 2006 до 2019. Тој се кандидираше за трет последователен мандат што е спротивно на Уставот што предизвика масовни протести, а под притисок на војската Моралес тогаш мораше да даде оставка и да побегне од земјата.

Врховниот суд на Боливија пресуди дека тој нема право да се кандидира на претседателските избори во 2025, но Моралес инсистира на тоа дека ќе се кандидира.

Слични новости

Грчкиот парламент не и изгласа недоверба на владата на Мицотакис

Грчкиот парламент не и изгласа недоверба на владата на Мицотакис

Со 136 гласа „за“ и 157 „против“ грчкиот Парламент, како и што се очекуваше, доцна синоќа го отфрли предлогот за недоверба на Владата доставен од четирите опозициски партии поради железничката несреќа кај Темпи.

Полска планира да воведе задолжителна воена обука за секој маж поради растечките закани во Европа

Полска планира да воведе задолжителна воена обука за секој маж поради растечките закани во Европа

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека неговата влада работи на план за воведување обврзувачки воен рок за секој маж во земјата, како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа.