Британската кралска ковница на пари одлучи да му оддаде почит на Фреди Меркјури, фронтменот на рок-групата Queen, со нови монети на кои е прикажан неговиот лик, за кој сестрата на музичарот рече дека многу би му значело.

Новите монети го прикажуваат харизматичниот музичар среде настап, со неговиот потпис. Кралската ковница соопшти дека деталите на монетите, преку внимателно осмислен дизајн, зборуваат за извонредниот талент на Меркјури.

Вокалниот опсег од четири октави на пејачот е претставен со музичка партитура со линија што ги поврзува најниските и највисоките ноти, а работ на монетите е инспириран од металната нараквица што Меркјури ја носеше за време на неговиот настап на Live Aid.

 

 

Некои од примеротците се во боја, оживувајќи ја познатата жолта јакна на музичарот и неговата жива енергија, пренесува dpa.

Новата монета беше претставена во годината што ја одбележува и 40-годишнината од концертот Live Aid во 1985 година, како и објавувањето на соло албумот на Меркјури „Mr Bad Guy“.

Монетите се достапни за продажба на веб-страницата на Британската кралска ковница од вторник – најевтината чини 18,5, а најскапата чини дури 9.350 фунти.

globe

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година