Министерството за финансии ја издаде 23-а емисија на Обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милион евра, со која се обесштетуваат баратели со правосилни решенија за денационализација донесени во период од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година. Станува збор за обесштетување на вкупно 108 баратели.

Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои ги издава Министерството за финансии, во евро валута, а гласат на име, и се неограничено преносливи. Номиналната вредност и каматата од 2% годишно на имателите на обврзници се исплаќа еднаш во годината во период од 10 години, односно на 10 еднакви рати, а за оваа емисија исплатата ќе започне од 1 јуни 2025 година. Имателите на обврзницата може истата да ја материјализираат, односно со неа може да тргуваат на секундарниот пазар на Македонската берза.

Согласно Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, Министерството за финансии, почнувајќи од 2002 година, еднаш годишно врши емисија на обврзници за денационализација, а Владата со одлука го утврдува износот на обврзниците за денационализација коишто се издаваат.

Државата досега има издадено 22 емисии на обврзници за денационализација на износ од 397 милиони евра.

globe

Слични новости

Милошоски: Мој личен став е дека министерот за правда има слаб придонес во областа со која раководи

Милошоски: Мој личен став е дека министерот за правда има слаб придонес во областа со која раководи

– Ова е мој личен став. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството“, рече Милошоски.

Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност го разгледа и проследи на понатамошна постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир со кој се предлага измена на законската регулатива во насока на забрана на употреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор

Цените на нафтата блиску до 75 долари

Цените на нафтата блиску до 75 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари близу нивото од 75 долари, балансирајќи меѓу загриженоста за понудата од Русија поради американските закани со царини и стравувањата дека бранот царини би можел да го спречи глобалниот економски раст и побарувачката на енергија