Со 77 гласа Собранието денеска изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека таа ја занемарила и не ја извршувала својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губи легитимитетот да учествува и одлучува во работата на Судски совет.
Претходно на расправата, Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

„Ова е клучен момент во борбата за владеење на правото, за правдата и довербата во институциите и со овие поднесени интерпелации ние почитувани, не му судиме на судството. Со овие поднесени интерпелации ја детектираме одговорноста на оние коишто требало да бидат коректив, оние коишто требало да носат правда и коишто треба да воспостават она што требаше да биде судска власт“, рече тој.
Весна Дамева, образложувајќи го својот одговор, истакна дека изминатиот период континуирано, како што кажа, одредени луѓе од политиката се обидуваат да ја омаловажат, изнесувајќи невистини и небулози.
„Се спореше мојата стручност и компетентност, и на сето тоа не реагирав пред се да го зачувам угледот на Судскиот совет. Бев спремна дека вие политичарите ќе ги користите сите средства и начини да не девалвирате нас, носителите на судска власт, кои не ви одговараме. Не дојдов да се правдам и заштитам себе си, дојдов да застанам на страната на владеење на правото“, истакна Дамева, отфрлајќи ги наводите од интерпелацијата.
Оливер Спасовски, пратеник од СДСМ, го критикуваше начинот на кој што власта преку интерпелациите врши удар врз правосудниот систем.
„На членовите на Судскиот совет, одговорност може да утврдува само Судскиот совет, затоа, поднесените интерпелации како механизам за политичка контрола на Собранието над субјектите кои што ги кажав претходно е преседан и недозволен акт во една демократска држава“, рече Спасовски.
Тој најави дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во понатамошната расправа на собраниската седница.
Елми Азири од Алијанса за Албанците истакна дека, како што рече „Денеска се прави притисок да се дадат оставки затоа што некој не може да дочека да ги преземе работите во свои раце“.
Никола Мицковски од ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше напуштањето на седницата од страна на СДСМ, истакнувајќи дека аргументите не се на нивна страна.
Талат Џафери, од ДУИ истакна дека денешниот дневен ред е двојна штета, прво за Судскиот совет, потоа за парламентарната демократија.
„Начинот на интерпелацијата, редоследот на образложението на интерпелацијата покажува дека овие пет лица ги имаат идентификувано како политички субјекти во мандатот во којшто се избрани“, рече Џафери.
Седницата продолжи со расправа за интерпелацијата на членот на Судски Совет, Павлина Црвенковска, а треба да се расправа и за интерпелациите на членовите Селим Адеми, Тања Чачарова-Илиевска и Миљазим Мустафа.
Слични новости
Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност, активно придонесуваме во дискусиите и носењето одлуки
Ние не сме повеќе објект во геополитичките дискусии, сега сме субјект кој активно придонесува во дискусиите и во носењето на одлуки по сите прашања. Моментално го имаме најголемиот буџет во Министерството за одбрана во овие децении
Уставен суд: Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии
Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии. Во спротивно, се губи смислата на Уставниот суд и се прави тешка повреда на Уставот од причина што на тој начин се прави упад во четвртата т.н.уставно-судска власт, во самостојноста и во независноста на Уставниот суд, стои во ставот од Уставен.
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово 15 l/m2, а најмалку 1 литар на метар квадратен во Претор, Струмица, Гевгелија, Берово, Тополчани