Пожарот во градската болница „8-ми Септември“ е изгаснат. На терен интервенирало едно противпожарно возило.

Пожарната служба извести дека станувало збор за пожар во внатрешна просторија во Одделението за ортопедија, кој е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење.

Пациентите од амбулантите се враќаат во зградата, а пациентите од Одделот за ортопедија се разместени на други оддели, велат извори од болницата.

Се претпоставува дека пожарот го предизвикала неизгасена цигара фрлена во канта.

 

Слични новости