Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила
Десет претреси кај десет лица на повеќе локации во Скопје, Неготино, Дојран и Битола се извршени во акцијата, која денеска се спроведува за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје, ЕВР Ѓорче Петров, СВР Битола, ОВР Неготино и ОВР Гевгелија во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по наредба на судија на претходна постапка, преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.

„Извршени се 10 претреси кај 10 лица на повеќе локации во Скопје, Неготино, Дојран и Битола. При претресите е пронајдена разновидна документација, околу 25 грама кокаин, лап топови, телефони и други предмети поврзани со кривичните дела“, наведуваат од МВР.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски претходно потврди дека се спроведува акција насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба.
„Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации. Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава“, потенцира Тошковски.
Министерот, како што соопшти МВР, изутринава ги посетил полициските службеници во Единицата за внатрешни работи во Ѓорче Петров, каде облиску се запознал со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција.
Претходно денеска од Обвинителство информираа дека под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.
Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбедил наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови.
Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин.
!Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, Обвинителството ќе информира по нивното завршување„, наведуваат оттаму.
Слични новости
Владата на седница ќе ја потврди Одлуката за покривање на трошоците на двајца членови од семејствата на пациентите кои ќе се транспортираат во странство
За час и половина Владата ќе одржи седница на која ќе биде потврдена Одлуката за покривање на трошоците на двајца членови од семејствата на пациентите кои ќе бидат згрижени во болници надвор од државава, ифнормира денеска премиерот Христијан Мицкоски по посетата на ГОБ „8 Септември“
Осумте пациенти кои од Македонија вчера пристигнаа во Србија се во критична состојба
Oсумте пациенти кои вчера пристигнаа во Србија имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност, а троцја од нив се интубирани“, изјави денеска Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија.
89 од повредените во трагедијата во Кочани се лекуваат во Македонија, а 76 се транспортирани во странство
Состојбата на повредените во дискотеката засега е релативно стабилна, но сеуште е рано да се даваат прогнози, затоа што кај повреди со изгореници можни се натамошни компликации со инфекции.