Соединетите држави се подготвени да започнат нова фаза од операциите поврзани со Венецуела наредните денови, изјавија четворица американски функционери за Reuters, додека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го засилува притисокот врз владата на претседателот Николас Мадуро.

Reuters не можел да го утврди точното време или обем на новите операции или дали американскиот претседател Доналд Трамп донел конечна одлука за акција. Извештаите за претстојна акција се зголемија последните седмици, бидејќи американската војска распореди сили на Карибите поради влошување на односите со Венецуела.

Двајца американски функционери изјавија дека тајните операции веројатно ќе бидат првиот дел од новата акција против Мадуро. Сите четворица цитирани функционери зборуваа под услов на анонимност поради чувствителноста на претстојната акција на САД.

Висок функционер на администрацијата не исклучи ништо поврзано со Венецуела во саботата.

„Претседателот Трамп е подготвен да го искористи секој елемент од американската моќ за да го спречи преплавувањето на нашата земја со дрога и да ги изведе одговорните пред лицето на правдата“, рече функционерот кој зборувал под услов да остане анонимен.

Министерството за комуникации на Венецуела не одговори веднаш на барањето на Reuters за коментар.

Администрацијата на Трамп разгледува опции поврзани со Венецуела за борба против она што го претстави како улога на Мадуро во наводно снабдување со нелегални дроги од кои умираат илјадници Американци. Мадуро негираше дека има каква и да е врска со нелегалната трговија со дрога.

Двајца американски функционери изјавија за Reutersс дека опциите што се разгледуваат вклучуваат обид за соборување на Мадуро, кој е на власт од 2013 година. Мадуро вели дека Трамп сака да го собори и дека венецуелскиот народ и војската ќе се спротивстават на секој таков обид. Тој, исто така, ги окарактеризира акциите на САД како обид за преземање контрола врз огромите резерви на нафта и природен гас, како и ретки метали и минерали што ги поседува Венецуела.

globe

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер