Според последниот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно слободна земја, и нема поместувања во позицијата во споредба со минатата година.

Во заклучокот се забележува дека земјата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување.

Македонија, исто како и минатата година, има 67 од 100 поени.

Организацијата со седиште во Вашингтон, за мерењето користи систем од нула до сто поени, рангирајќи ги земји од светот како слободни, делумно слободни и неслободни.

globe

Слични новости

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот