Албин Курти се надева на поддршка во парламентот на 10-те пратеници од помалите етнички заедници Бошњаците, Египќаните, Ромите и Ашкалииите кои и досега ја поддржуваа неговата влада. Тој порача дека ќе формира влада во која нема да соработува со ниту една од опозициските партии.

Косовскиот премиер Албин Курти прогласи победа на парламентарните избори, но неговата партија Самоопределување нема да може самостојно да формира влада. Владејачката партија на Курти, според официјалните податоци на централната изборната комисија освои 40,8 насто од гласовите, што е за девет проценти помалку отколку во 2021 кога дојде на власт.

Албин Курти е убеден дека ќе успее да формира влада. „ Ние сме победници и ова е потврда на добра, просперитетна и демократска влада“, изјави Курти опкружен од приврзаниците во Приштина кои вееја алабански и косовски знамиња. Тој нагласи дека изборниот процес беше демократски и без инциденти што било овозможено од неговата влада. Тој ја обвини опозицијата дека водеше досега невидена кампања против него и Самоопределување и ги нарече ајвани, што е турски израз за животни.

На второ место според изборните резултати е Демократската партија на Косово со освоени 22 насто од гласовите, а трет е Демократскиот сојуз на Косово со 17,6 насто од гласовите. Цензусот од пет проценти за влез во парламентот го мина само уште Алијансата за иднината на Косово предводена од Рамуш Хајрадинај која освои 7,4 насто од гласовите.

Во Собранието од 120 пратенички места, 20 се загарантирани за малцинствата, од кои 10 добиваат Србите. Сите 10 пратенички места кај Србите ги освои Српската листа која ја има поддршката на официјален Белград.

Сепак, лидерот на партијата „За слобода, правда и опастанок“ Ненад Рашиќ тврди дека барем еден мандат во парламентот ќе и припадне на неговата партија. Рашиќ досега во косовската влада беше министер за заедниците и враќање во земјата.

Од централната изборна комисија соопштија дека излезноста на изборите изнесувала околу 40 насто, што е помалку отколку пред четири години.

Албин Курти се надева на поддршка во парламентот на 10-те пратеници од помалите етнички заедници Бошњаците, Египќаните, Ромите и Ашкалииите кои и досега ја поддржуваа неговата влада. Курти на овие избори излезе со поддршката на партијата Гуџо што ја осниваше претседателката на Косово Вјоса Османи и покрај заладувањето на односите меѓу Курти и Османи. Курти порача дека ќе формира влада во која нема да соработува со ниту една од опозициските партии.

Изборите на Косово се одржаа во момент на неизвесност околу американската политика на Зпаден Балкан, а Косово го смета Вашингтон за најважен сојузник и партнер. Иако последните денови во повеќе наврати беше критикуван од Ричард Гренел, назначен за специјални мисии во администрацијата на Трамп, Курти во кампањата се претстави како бранител на косовскиот суверенитет и најави засилување на напорите да се прошири влијанието на владата на северот од Косово каде што доминантно живеат Србите.

Овој став на Курти го конфронтираше со меѓународната заедница и го изолираше на меѓународен план. Во текот на минатиот мандат тој ги влоши односите со западните сојузници кои ја гарантираат безбедноста на Косово, како и со регионалните партнери како што е Албанија, се наведува во анализата на тинк-тенкот Европски совет за надворешни односи.

Неговите главни политичли опоненти се Демократската партија на Косово која ја осниваше поранешниот премиер Хашим Тачи и Демократскиот сојуз осниван од Ибрахим Ругова кој беше политички лидер на Албанците во Косово на крајот од 20 век. Овие две партии кои се менуваа на власт до моменто кога Курти во 2021 освои над 50 проценти од гласовите на Косово претставуваат потрадиционален и попрагматичен прозападен пристап во политиката. И двете опозициски партии понудија кандидати со чисти биографии и обете се фокусирани на обезбедување меѓународно признавање, економски развој и безбедносни гаранции, се вели во анализата на Европскиот совет за надворешни односи.

Седумнаесет години по прогласувањето независност Косово го признаа околу 100 држави. Сепак Косово сеуште не е членка на Обединетите Нации, а од земјите на Европската унија го немаат признато Шпанија, Грција, Кипар и Словачка.  

Би Би Си 

Слични новости

Исклучете ги алгоритмите

Исклучете ги алгоритмите

Ова е криза. Либералната демократија ќе биде распарчена доколку Урсула фон дер Лајен не преземе нешто брзо. Американските и кинеските технолошки олигарси ги контролираат алгоритмите кои го обликуваат начинот на кој Европејците го гледаат светот на социјалните мрежи.

Австралија Опен: Киз и Швјонтек се соочуваат во полуфиналето

Австралија Опен: Киз и Швјонтек се соочуваат во полуфиналето

Познати се сите полуфиналистки на Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка, која би можела да стане првата тенисерка со три последователни титули во Мелбурн по Мартина Хингис, и на Шпанката Паула Бадоси во средата им се придружија Американката Медисон Киз и Полјачката Ига Швјонтек

Трамп тргна силно и веќе потпиша десетици извршни декрети

Трамп тргна силно и веќе потпиша десетици извршни декрети

Првите часови по стапувањето на вториот мандат, Трамп прогласи вонредна состојба на јужната граница со Мексико и распоредување на војската, нареди повлекување на Америка од Светската здравтсвена организација и помилува 1.600 учесници на насилните протести од упадот на Капитол во 2021.