Следната седмица треба да се одржи првиот состанок со странските експерти кои ќе бидат ангажирани за случајот за случајот со медицински неоправдани операции на срце кој го обелодени интервентниот кардиолог Сашко Кедев.
„Процедурите од наша страна се поминати. Пратени се кај нив. Во моментов се преведуваат сите материјали на англиски јазик. Материјалот е обемен и ценам дека првата средба која ќе биде онлајн ќе се одржи наредната недела. Не сакам да прецизирам ден затоа што треба да се кородинираат вкупно 20 луѓе“, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за здравство.
Кедев пред неколку месеци обелодени дека некои болници вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и непотребни стентирања. По ова беше формирана интерна комисија, но и комисија од тројца странски експерти.
На прес-конференција во ноември, министерот Алиу и членовите на домашната комисија информиаа дека од дотогаш пристигнатите 25 пријави за сомнителни случаи, кои се пријавени од граѓани и од медицински институции, комисијата анализирала 19, а за 10 пациенти било утврдено дека непотребно биле упатени на васкуларни интервенции.
Слични новости
Утрово најстудено во Берово
Според најновиот извештај од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрово најниските температури биле – главно – во источниот дел на земјава
Големо аерозагадување во Скопје, препораки за заштита
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати препораки и совети до граѓаните, поради енормното загадување на воздухот
Одложен изборот на в.д. државен јавен обвинител
Советот на јавни обвинители денеска не избра в.д. државен јавен обвинител. На итната седница не дошол еден од членовите. Од Советот тврдат дека отсуството на членот било оправдано


