Следната седмица треба да се одржи првиот состанок со странските експерти кои ќе бидат ангажирани за случајот за случајот со медицински неоправдани операции на срце кој го обелодени интервентниот кардиолог Сашко Кедев.
„Процедурите од наша страна се поминати. Пратени се кај нив. Во моментов се преведуваат сите материјали на англиски јазик. Материјалот е обемен и ценам дека првата средба која ќе биде онлајн ќе се одржи наредната недела. Не сакам да прецизирам ден затоа што треба да се кородинираат вкупно 20 луѓе“, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за здравство.
Кедев пред неколку месеци обелодени дека некои болници вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и непотребни стентирања. По ова беше формирана интерна комисија, но и комисија од тројца странски експерти.
На прес-конференција во ноември, министерот Алиу и членовите на домашната комисија информиаа дека од дотогаш пристигнатите 25 пријави за сомнителни случаи, кои се пријавени од граѓани и од медицински институции, комисијата анализирала 19, а за 10 пациенти било утврдено дека непотребно биле упатени на васкуларни интервенции.
Слични новости
СДСМ: Уставниот суд да ја укине неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор
Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна ниту случајна, соопшти СДСМ, оценувајќи дека станува збор за опасен обид за директен удар врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата
Три дена по ред загадувањето над максимумот
Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат
Грипот во замав, минатата седмица во пораст од 31,3 отсто
Во текот на 50. седмица од годинава, односно периодот од 8 до 14 декември, во земјава биле пријавени 126 случаи на грип и на групни пријави, што е за 31,3% повеќе од однос на седмицата претходно, соопшти Институт за јавно здравје (ИЈЗ)


