Филмот „Мандалоријанецот и Грогу“ на американскиот режисер Џон Фаворо започна со затворени проекции за филмските критичари, пред светската премиера на филмот која е закажана за 22 мај.

Последниот филм во франшизата „Војна на ѕвездите “ беше „Успонот на Скајвокер“ во 2019, а студијата Дизни и Лукасфилм се надеваат новиот филм да биде уште еден спектакуларен блокбастер.

Главната улога во филмот ја игра Педро Паскал, а во филмот играат и Џереми Ален Вајт, Латиф Краудер и Сигурни Вивер.

Сценаристи на филмот се Џон Фаворо кој е ватор и на серијата за „Војна на ѕвездите“ заедно со Дејв Филони и Ноа Клор.  

Слични новости

Слика од Пикасо за 100 евра

Слика од Пикасо за 100 евра

Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.