Старите реторики, бајатите политики, историските рецидиви, сите тие се длабоко минато, или можеби сеуште засегаат еден безначаен дел од популацијата. Интернетот, социјалните мрежи, тик-ток, инстаграм, вештачката интелигенција, го направија човекот од пред 20-30 години праисториски, а да не зборуваме за луѓето и настаните од пред 70-80 години.
Неодамна завршените избори во Грција се уникатна парадигма. Медиумите во новинските извештаи беа фокусирани кој ќе победи, која партија колку пратеници ќе освои во парламентот, кои партии го минаа цензусот, како реагираат берзите на убедливата победа на Мицотакис и што ќе се случува со Сириза по убедливиот пораз. Но зад сите овие наслови, зад политичка сцена се крие големата приказна.
А таа е дека на овие избори можеби за прв пат по цели 75 години, исчезнаа огромните идеолошки разлики во длабоко поделеното грчко општество, кое со децении не можеше да ги залечи раните од граѓанската војна во Грција, да ја заборави крвта која се пролеа, маките на бегалците, прогонот врз левицата, диктатурата на полковник Пападопулос и како со нож поделеното грчко општество на левичари и конзервативци.
За прв пат потомци на левичари, од семејства на прогонети комунисти гласаа за Нова Демократија. Младите не се сеќаваат на Варкиза, Грамос, Вичо. Не се сеќаваат ниту на окупацијата на Кипар и драматичните настани во грчкото Политехнио што доведоа до пад на хунтата на Пападопулос. Луѓето гласаа за стабилност, и за она што веруваат дека ќе донесе благостојба и просперитет на државата , а со тоа и на нивните семјества и домашен буџет. Се плашеа од авантуризмот на Сириза. Не му веруваа на ултра-авантуристот Варуфакис, кој не успее дури ни да го мине цензусот за влез во парламентот.
Оттука произлезе и феноменот десницата да има толкава поддршка. Освен убедливиот триумф на Нова Демократија која освои над 40% од гласовите, три екстремно десничарски партии со крајно конзервативна и националиситчка идеологија влегоа во парламентот.
Десницата и крајната десница освоија повеќе од 50% од гласовите во Грција, што е настан без преседан кој никогаш не се случил во историјата.
Зборуваме за Грција која е традиционална левичарски ориентирана, каде што царската династија беше укината на референдум со огромно мнозинство. Но се сменија времињата.
Ципрас во предизборната кампања зборуваше за старата десница, но веќе никој не го слуша, а од помладите генерации веќе и не го ни го разбираат. Зборува за далечното минато, и за старите идеолошки рани и конфронтации кои се сосема залечени, и како што е очигледно, веќе заборавени. Имаат убав израз Грците „ Поминато-заборавено“.
Веќе нема простор за големите лидери кои опчинуваа милионски маси, нема веќе идеи за кои луѓето беа подготвени и да загинат. Нема ги ни Леонидас Киркос, ни Костантинос Караманлис, ни Андреас Папандреу. Новото време го создаде Кирјакос Мицотакис, кого долго никој не го третираше сериозно. Живееме во времето на „инстант“ политиките, инстант вестите, на сосема нова општествена парадигма.
За волја на вистината и Нова Демократија нема врска со традиционалниот десничарски режим на стара Грција. Станува збор за партија на центарот со идеологија која доближува до конзервативната, но ништо повеќе од тоа. Кирјакос Мицотакис, свесно или не, сосема ја оттргна Нова Деморатиа од старите идеолошки традиции, и ја претвори во нова, модерна партија на политичкиот центар кон која гравитираа гласачи од сите идеолошки провиниенции, ако може сеуште да се зборува за идеоелогија и левица- и десница, во традиционалните поими, како што ги разбиравме пред 20-30 години.
Старите реторики, бајатите политики, историските рецидиви, сите тие се длабоко минато, или можеби сеуште засегаат еден безначаен дел од популацијата. Интернетот, социјалните мрежи, тик-ток, вештачката интелигенција, го направија човекот од пред 20-30 години праисториски, а да не зборуваме за настани од пред 70-80 години.
Трамп зборува за комунизам и ги плаши своите поддржувачи со „страшилото на комунизмот“ кое наводно се заканува да ги прогонува Христијаните, семејните луѓе, приватните претприемници. Се однесува како во ерата на Макарти, и зад идеолошката стигма ги затскрива сопствените прекршувања на законот. Можеби тоа и ќе му помине кај МАГА фанатиците, и републиканската тврдокорна база, но сигурно не и на национално ниво. Времето на Макртизмот во Америка помина.
Како што е несфатлив спорот и меѓу Бугарија и Македонија, и инсистирањето на Софија на историски комисии, да отвара досијеа од пред 80 години, да влегува во дискусии дали Гоце Делчев пред повеќе од 100 години се чувствувал Христијанин, Македонец, македонски-Бугарин, космополит…..Во кој век живеат тие луѓе? Нациите и општествата не можат да бидат заробени од минатото. Дојдени се сосема нови времиња. Треба некој од македонска страна да им каже. Се разбира, неоптоварен од она што било, туку свртен кон она што треба да се случува.
Она што се случи во Грција е универзална општествена парадигма. Старите стигми и минатото не поминуваат во денешно време, кога и вчерашното е веќе демоде.
Слични новости
Победникот добива се
Не дека силата не ги диктирала релациите во меѓународните односи од памтивек, но со создавањето на Обединетите Нации и разни други механизми на меѓународното право и политика, еден извесен период доминираше уверувањето дека меѓународните односи сепак ги диктира меѓународното право, а не голата сила.
Абре Македонче…
За времето на ерата на пропагандите Македонците ги тепаа своите деца за да плачат, зошто кога плачат забораваат дека се гладни и не бараат за јадење.
Либералната демократија се проголтува самата себе
Ако во еден момент престанат разликите меѓу политиките на САД, наспроти Кина или Русија, западните вредности, како демократијата, владеењето на правото, човековите права, слободата на говорот, ќе бидат крајно загрозени, или сосема ќе исчезнат.


