Полициските службеници во Минесота го идентификуваа осоммничениот за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како Венс Лутер Батлер, а потерата по него продолжува, јавуваат американските медиуми.

Батлер кој има околу 50 години, претходно ги рани демократксиот сенатор Џон Хофман и неговата сопруга. ЦБС наведува дека во возилото на Батлер била пронајдена листа со голем број на можни мети, а вклучувала повеќе од 50 луѓе, меѓу кои има политичари кои не се од Минесота, активисти за правото на абортус и медицински персонал кој изведува абортуси.

Гувернерот на Минесота Тим Вол изјави дека станува збор за политички мотивирано убиство, како и дека го активирал оперативниот центар за вонредни ситуации во Минесота. На локалната полиција и се дадени сите потребни државни ресурси.

Начелникот на бирото за кривични апсења Дру Еванс изјави дека осомничениот бил облечен како полицаец со значка, а ги нападнал демократските членови на Конгресот тропајќи им на врата и барал од нив да излезат, по што веднаш пукал во нив.

Полицијата го препознала и тој пукал врз полицајците, по што е даден во бегство, а во потерата по Батлер се вклучи и ФБИ.

Американскиот претседател Доналд Трамп кој е известен за политичките атентати во Минесота порачал дека „такво ужасно насилство нема да биде толерирано“.

Слични новости

Кац: Иран ги премина црвените линии со напади врз цивилни центри во Израел

Кац: Иран ги премина црвените линии со напади врз цивилни центри во Израел

Ќе продолжиме да ги браниме граѓаните на Израел и ќе обезбедиме режимот на Ајатолахот да плати многу висока цена за своите гнасни постапки, ја пренесуваат израелските медиуми изјавата на министерот Кац

Во иранските напади убиени тројца, а ранети 80 Израелци, Техеран и Ерусалим најавуваат продолжување на војната  

Во иранските напади убиени тројца, а ранети 80 Израелци, Техеран и Ерусалим најавуваат продолжување на војната  

Официјален Ерусалим соопшти дека во синоќешните два брана напади од Иран врз Израел со околу 150 балистички ракети биле убиени тројца луѓе, а 80 се ранети. Неколкумина од ранетите се во тешка состојба, соопштија израелските власти

Израелската војска соопшти дека нападите врз Иран само што почнаа

Израелската војска соопшти дека нападите врз Иран само што почнаа

Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили продолжуваат да го напаѓаат Иран и дека операцијата тукушто започна. Израел ноќеска отпочна напад врз Иран, наведувајќи дека се гаѓани нуклеарни објекти, фабрики за балистички проектили, воени команданти и физичари, чија цел е да се спречи Техеран да развие нуклеарно вооружување.