Двата федерални имиграциски агенти кои пукаа во Минеаполис и го убија Алекс Прети се идентификувани во владините евиденции како агент на граничната патрола Хеус Очоа и царинскиот службеник Рајмунд Гуиерез.

Убиството на Прети предизвика бран протести ширум Америка, а царинската и граничната заштита досега одбиваше да ги објави имињата на агентите и откри многу малку детали за смртоносниот инцидент.

И демократските и републиканските конгресмени повикаа на транспарентна истрага за убиството на Алекс Прети кој работеше како медицински техничар.

Двајцата агенти се ставени на отсуство, а според службените надои тие се од јужен Тексас.

Слични новости

Исламабад под високи безбедносни мерки пред клучните преговори САД – Иран

Исламабад под високи безбедносни мерки пред клучните преговори САД – Иран

Пакистанската престолнина денеска е под засилени безбедносни мерки и речиси целосно мирна, додека властите го затворија градот пред почетокот на преговорите меѓу САД и Иран, чија цел е постигнување траен прекин на огнот по повеќенеделен конфликт.