Човек од Австрија во рамките на лотаријата „Еуро милионс“ освои 250 милиони евра. Како што објави лотаријата на Австрија, играчот е добитник на тикет со влог од десет евра, а на тикетот ги погодил сите седум броеви.

Претходната рекордна довивка исто така ја држеше Австријанец кој доби 240 милиони евра. Тој го освои сам Европотот во декември 2023 кој во тоа време беше 240 милиони евра. Играчот остана анонимен и никогаш не протекоа никакви информации за него.

Со слоганот „стани побогат од богатите“ во 2004 стартуваше европската лотарија „Еуромилионс“ во земјите учеснички Франција, Шпанија, Велика Британија, Австрија, Белгија, Ирска, Луксембург, Португалија и Швајцарија.

Кога станува збор за оваа добивка, на играчот ќе му бидат префрлени 250 милиони евра на сметката, откако ќе истече рокот од четири недели за жалби.

 

Слични новости

Втора медицинска установа во Токио воведува „кошничка за бебиња“

Втора медицинска установа во Токио воведува „кошничка за бебиња“

Болница во Токио во понеделникот стана втората медицинска установа во Јапонија која нуди „кошничка за бебиња“, овозможувајќи им на родителите безбедно и анонимно да ги остават своите новороденчиња за кои не можат да се грижат