Играната адаптација на анимираниот филм на Дизни „Моана“ заработи 43 милиони долари на Бокс офисот викендов во САД и е убедливо на првото место. Сепак, филмот на режисерот Томас Кеил со Двејн Џонсон и Катарина Леџиа потфрли далеку под очекувањата, откако студиото очекуваше заработка во САД на премиерниот виекнд меѓу 60 и 75 милиони долари.

„Моана“ заработи и 52 милиони долари на пазарите надвор од САД. Сепак, тоа е премалку за филм чиј продукциски буџет изнесува 250 милиони долари.

Дизни сепак се надева на успех на кино благајните, бидејќи публиката на „Моана“се главно жени, и се смета дека филмот нема да биде премногу загрозен од спектаклот на Кристофер Нолан „Одисеј“ кој ќе ја има премиерата следниот викенд, но кој главно ќе привлкеќе машка популација.

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.