Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана.

Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.

Индијана со тоа ја консилидира центарската позиција која и остана празна, откако од тимот замина Мајлс Тарнер за Милвоки.

По повредата на племјекерот Тајрис Халибартон и заминувањето на Мајлс Тарнер Индијана која лани беше финалист, сега има трет најлош скор во НБА лигата со 13 победи и 38 порази.

Слични новости

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Тимот на американските ѕвезди победи на ревијалниот Ол-стар натпревар на НБА со победа во финалето против тимот на американските линии со резултат 47:21, а Ентони Едвардс беше избран за МВП.