Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) ќе покрене правна постапка против Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој ѝ ги одзеде овластувањата на организацијата врз боксерскиот турнир на Олимпијадата во Париз во 2024 година, поради одлуката со која на две боксерки со контроверзна одредба на полот им беше дозволено да се натпреваруваат во женска конкуренција.
МОК им дозволи на декларирани како жени Алжирката Имане Келиф и Тајванка Лин Ју-Тинг да се натпреваруваат и да освојат златни медали, и покрај тоа што ИБА ги исфрли од светските првенства откако тие не ги минале тестирањата за утврдување на полот.

Келиф и Лин никогаш не биле официјално класифицирани како трансродови.
МОК самиот го презеде водењето на олимписките боксерски натпревари во Париз, откако ѝ ги одзеде ингеренциите на ИБА поради навнодна низа „проблеми во управувањето“.
Од ИБА во соопштението објавено во понеделникот истакнуваат дека нашле оправдување за нивните постапки во неодамнешната извршна уредба на американскиот претседател Доналд Трамп „трансродовите лица да се држат подалеку од женскиот спорт“.
Во пресрет на Светското првенство во бокс за жени, кое од 8-ми до 16-ти март ќе се одржи во Србија, ИБА ќе поднесе формална жалба до швајцарското државно правобранителство во врска со постапките на МОК на минатогодишните Олимписки игри во Париз.
„Според швајцарскиот закон, секое дејство или неактивност што претставува безбедносен ризик за учесниците во натпреварувањето бара истрага и може да послужи како основа за кривично гонење“, се вели во соопштението на ИБА.
Слични правни постапки ќе бидат покренати во Франција и САД.
„Наредбата на претседателот Трамп да им забрани на трансродовите спортисти да учествуваат во женски спортови ги потврдува напорите на ИБА да го заштити интегритетот на женскиот спорт“, рече претседателот на ИБА, Умар Кремљов.
„Нашите активности имаат цел да обезбедат родова еднаквост во боксот. Ги повикуваме другите меѓународни федерации да го следат примерот на ИБА, бидејќи сме во единствена позиција да го решиме ова прашање и да се залагаме за правата на нашите спортисти“, додава Кремљов.
Слични новости
Манчестер Јунајтед ќе ги зголеми цените на сезонските билети за пет отсто
Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед одлучи да ги зголеми цените на сезонските билети за следната сезона за приближно пет отсто, со цел да ги ублажи финансиските проблеми
Милан се откажа од купувањето на Жоао Феликс кој игра за нив како позајмица
Милан се откажа од откуп на договорот на Феликс бидејќи во последно време тој игра слабо за тимот на Милан, што значи дека Португаецот на крајот од сезоната сепак ќе се врати во екипата на Челси.
Лејкерси се пробија на четвртото место со победа врз Сан Антонио
Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа втората победа по ред без Леброн Џејмс, на домашен терен против тимот на Сан Антонио. Најефикасен играч кај Лејкерс беше Остин Ривс со 30 поени, додека Лука Дончиќ даде 21 кош и подели 14 асистенции.