Играчот за врска на Арсенал Мартин Зубименди сака да го напушти клубот од Лондон уште во зимскиот преоден рок.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Мартин Зубименди е подготвен да го напушти Арсенал уште во јануари, за повторно да ја заживее својата фудбалска кариера.
Зубименди многу малку игра кај Артета, а дојде во Арсенал со големи очекувања.
За него интерес покажуваат Реал Мадрид, Барцелона и Атлетико, но и германските клубови Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, како и клубови од Премиер лигата.
Зубименди не беше дури ни во списокот на измени во последното дерби што Арсенал го одигра со Ливерпул.
Слични новости
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата
Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.
