Експертите за блискоисточни прашања сметаат дека организирањето на состанокот меѓу Трамп и Путин би го зголемило влијанието на Ријад како клучен регионален играч и дека оваа дипломатска услуга САД би ја наплатиле за поголемо учесто на земјата во американските стратегиски интереси.

Кога американскиот претседател Доналд Трамп рече дека би можел да ги одржи преговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Саудиска Арабија околу тоа како да се оконча војната во Украина многумина се прашаа зошто Трамп ја одбра оваа земја како место на овој важен состанок ? Трамп не наведе конкретен датум за состанокот, но навести дека саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман би можел да учествува во разговорите.

Саудиска Арабија го пофали телефонскиот разговор на Трамп со Путин и ја потврди можноста за одржување самит Путин-Трамп во ова кралевство. За оваа средба како потенцијални домаќини наводно се нуделе и Кина и Обединетите Арапски Емирати.  

Потпретседателот на Блискоисточниот институт во Вашингтон Пол Сејлем смета дека Ријад е логичен избор за состанокот меѓу Трамп и Путин затоа што претставува неутрален терен. Тој смета дека организирање на ваков состанок во Европа не би функционирал поради остриот став на Европа кон војната во Украина.

Традиционално за вакви средби се бираа неутрални локации како што е Женева, но расипувањето на односите меѓу Швајцарија и Русија доведе до овој алтернативен избор.

Освен тоа Саудиска Арабија не е потписничка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој има издадено потерница за Путин.

МКС во 2023 издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воени злосторства извршени во украинската војна. Аналитичарите истакнуваат дека Путин смее да патува во Саудиска Арабија без ризик од апсење.

Исто така, Саудсика Арабија беше еден од посредниците во размената на заробеници меѓу Русија и Кина, стекнувајќи ја довербата на двете земји. Во скорешната размена на затвореници што ја овозможи Ријад, Русија го ослободи американскиот наставник Марк Фогел кој мина повеќе од три години во притвор во Русија. Според американскиот пратеник за Блискиот исток Стив Виткоф, Ријад одигра клучна улога во неговото пуштање на слобода.

Саудиска Арабија исто така им беше домаќин и на Путин и на Зеленски и организираше меѓународен состанок за мировна спогодба меѓу Украина и Русија со претставници на неколку земји.

Експертите за блискоисточни прашања сметаат дека организирањето на состанокот меѓу Трамп и Путин би го зголемило влијанието на Ријад како клучен регионален играч и дека оваа дипломатска услуга САД би ја наплатиле за поголемо учесто на земјата во американските стратегиски интереси. Трамп сака да ги засили врските на САД со Саудиска Арабија од економски, финансиски, инвестициски и стратегиски причини и ги истакнува интересите на Трамп за обезбедување потенцијална спогодба меѓу САД, Израел и Саудиска Арабија.

Трамп веќе навести дека неговото прво патување во странство за време на неговиот втор мандат повторно би можела да биде Саудиска Арабија, како и во 2017 за време на неговиот прв мандат, а веќе стави и конкретна цена на ова патување. „Доколку Саудиска Арабија сака да ги купи нашите прозиводи во износ од 450 или 500 милијарди долари, мислам дека најверојатно би одел“ им рече Трамп на новинарите минатиот месец.

Неколку дена подоцна Саудискиот престолонаследник изјави дека неговото кралевство сака да вложи 600 милијарди долари во САД во наредните четири години, а Трамп рече дека ќе бара оваа цифра да се заокружи на 1000 милијарди долари. Трамп исто така сака да го засили американското влијание во Саудиска Арабија и поширокиот регион во склоп на стратегискиот натпревар со Кина.

Саудиска Арабија во минатото беше критикувана поради историјата на кршење на човековите права, но скорешните реформи во кралевството како што се укинување на верската полиција или дозволата за жените да возат, го поправија нејзиниот глобален имиџ, и стана помалку подложна на притисок од администрацијата на Трамп.

Би Би Си

 

Слични новости

Новиот план на Трамп за крај на војната во Украина

Новиот план на Трамп за крај на војната во Украина

Во идните преговори, Украина веројатно ќе загуби и територии. Трамп рече дека Киев не би требало да очекува враќање на границите пред 2014 кога Русија го анектираше Крим. Русија „зазеде многу земји, се бореа за тие земји и загубија многу војници“ наведе Трамп.

Како може контроверзниот Роберт Кенеди да влијае врз светското здравје

Како може контроверзниот Роберт Кенеди да влијае врз светското здравје

Роберт Ф. Кенеди, правник за животна средина кој е често критикуван поради застапување на контроверзни и демантирани научни и медицински тврдења, е назначен за нов министер за здарвство во администрацијата на Доналд Трамп.

Експертите за климата прогласија дека е „мртва“ целта од два степени

Експертите за климата прогласија дека е „мртва“ целта од два степени

Ограничувањето на долгорочното глобално затоплување на два степени Целзиусови, што е алтернативна цел на Парискиот договор за климата, во меѓувреме стана невозможно, сметаат водечки експерти за климата