Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи, ќе биде уништен по погребот на папата Франциск во согласност со вековната традиција. Прстенот кој потекнува од 13 век и го носи името по првиот папа Свети Петар, Франциск го носеше за време на својот 12 годишен понтификат на церемониите.

По смртта на папата камерленгото на Римокатоличката црква -надбискупот кој е одговорен за преодната фаза по смртта на папата ќе го уништи прстенот во присуство на Кардиналскиот колегиум.

Иако функцијата на прстенот престана да биде пеќат на официјалните документи уште во 19 век, праксата тој да се уништи продолжи и потоа. Погребот на папата Франциск ќе се одржи денеска во базиликата Саната Марија Маџоре во Рим.

Слични новости

„Златен објектив“ на Кинотеката годинава за светло-мајсторот Петар Богоевски

„Златен објектив“ на Кинотеката годинава за светло-мајсторот Петар Богоевски

Наградата „Златен објектив“ која Кинотеката им ја доделува на филмски автори и културни работници кои придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија, оваа година ќе му припадне на светло-мајсторот Петар Богоевски