Според извештаите на израелската опозиција, новите услови на Нетанјаху би можеле да имаат како цел „одлагање на процесот на постигнување примирје и продолжување на војната“. Ситуацијата дополнително ја компликува Хамас кој бара целосно повлекување на Израел од Појасот Газа и окончување на војната во замена за ослободување на сите заложници одеднаш.

И покрај оптимизмот, напорите за воспоставување примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа упорно се одлагаат, додека двете страни се обидуваат да ги усогласат разликите. Неодамнешните изјави на израелски официјални лица и преговарачите на Хамас, заедно со коментарите на посредниците во преговорите, укажуваат на тоа дека договорот не е премногу далеку и дека светот наскоро ќе присуствува на потпишување конечен договор, но преговорите сепак тапкаат во место.

Израелското радио јави дека новите услови кои ги бара Израел ми можеле да ја одложат новата спогодба со Хамас, а дека Хамас од своја страна поднесува контра барања.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека е стигнато до внимателен напредок, но истакна дека не може да се знае колку време ќе биде потребно за да се материјализира договорот. САД, Египет, Катар и во последно време Турција, управуваат со посредничките напори меѓу Израел и Хамас за да ја прекинат 14 месечната војна во Појасот Газа, во која според проценките, загинаа намјалку 45.000 луѓе.

И покрај коментарите за напредок во преговорите, што доаѓаат и од самиот Израел, медиумските извешати укажуваат дека американските посредници ја напуштија престолнината на Катар Доха каде што се одржуваа преговорите. Тоа би можело да одразува стагнација по некои прашањаод преговорите.

Американски извори укажуваат дека едно од најкритичните прашања во догтоворот е бројот на израелските заложници кои ќе бидат пуштени во првата фаза и идентитетот на палестинските затвореници кои ќе бидат наведени во спогодбата како ододбрени за ослободување. Освен тоа, сеуште треба да биде постигнат договор околу компликуваното прашање кој ќе управува со Газа по постигнувањето на договорот.

Од октомври 2023 од почетокот на војната Израел и Хамас постигнаа само едно привремено седумдневно оримирје. Прекинот на огнот траеше од 24 до 30 ноември и тогаш Хамас ослободи 105 заложници во замена за 240 Палестинци кои беа во израелските затвори.

Според извештаите на израелската опозиција, новите услови на Нетанјаху би можеле да имаат како цел „одлагање на процесот на постигнување примирје и продолжување на војната“. Ситуацијата дополнително ја компликува Хамас кој бара целосно повлекување на Израел од Појасот Газа и окончување на војната во замена за ослободување на сите заложници одеднаш.

Израелските политички партии се поларизирани околу тоа како да се постават во однос на преговорите. Израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид го обвини Нетанјаху дека пушта информации во странски медиуми и дека всушност ги саботира преговорите.

И во самата влада на Неанјаху има партии и министри кои не се согласуваат со тоа со Хамас да биде постигнато примирје, особено министрите како што се Итамар Бен-Гвир и Безалеи Смотрич. Ова носи и напнатост меѓу владата и семејствата на заложниците кои се предмет на преговори.

Според експертите за раузнавачки и безбедносни прашања, Хамас има причина да бара што поскоро примирје, со оглед на фактот дека е ослабнет и дека е намалена поддршката од сојузниците и Иран. Сепак, овие експерти сметаат дека патот до примирјето, нема да биде воопшто лесен.

Би Би Си 

Слични новости

Американски сенатори за санкции против Русија доколку ги блокира мировните преговори со Украина

Американски сенатори за санкции против Русија доколку ги блокира мировните преговори со Украина

Половина од американскиот Сенат, 25 републиканци и 25 демократи, во вторникот ги здружија силите за да предложат санкции кои ќе ѝ бидат наметнати на Русија доколку таа одбие да се вклучи во добра волја во мировни преговори со Украина

Светот во исчекување на „царините на Трамп“

Светот во исчекување на „царините на Трамп“

Потегот, најавен за среда, еден од многуте во кои Трамп ги искористи своите претседателски овластувања, беше поттикнат од неговото инсистирање дека најголемата светска економија е „измамена од секоја земја во светот“