Ако успее обидот на Трамп да го елиминира американскиот трговски дефицит, цените на недвижностите во Мајами и на њујошката Петта авенија нагло ќе паднат, трошоците за сервисирање на државниот долг вртоглаво ќе пораснат, а Дау Џонс ќе се најде во слободен пад.

Доналд Трамп е навистина решен во намерата да го елиминира трговскиот дефицит на САД. Но, трговскиот дефицит е уште поодлучен во намерата да остане огромен и веројатно, со леснотија ќе ги одбие сите напади на 47 претседател на САД. Бидејќи е вграден во самото устројство на Америка по Бретон Вудс, дефицитот останува надвор од сите средства и цели на администрацијата која доаѓа.

Да тгрнеме од средствата. Трамп има на располагање две моќни оружја за водење битка за поповолен трговски биланс: тоа се стандардните царини и членот 232 од Законот за проширување на трговијата од 1962, според кој американската администрација може да се повика на национална безбедност како оправдување за воведување мерки усмерени против протекционистички земји и блокови. ( ЕУ на пример применува посебна царина во паушален износ од 10 насто на увоз на сите автомобили, како и други административни ограничувања, додека истовремено одржува огромен суфицит во трговијата со автомобили меѓу ЕУ и САД.)

Но, ниту увозните тарифи, ниту членот 232 не можат со извесност да го намалат дефицитот. Да претпоставиме дека Трамп навистина ќе воведе царини на стоката од Канада, Кина и Мексико во износ од 25 насто како што се заканува. Увозот, се разбира ќе се намали.

Но, ќе се намали и американскиот извоз.

Негативното влијание на увозните тарифи на американскиот извоз е последица на посебниот статус што го има американскиот долар во меѓународната трговија, тоа е единствената валута која неамериканците сакаат да ја имаат, дури и ако не планираат да купуваат од американски компании.

 

Ако Трамп ги подигне царините на ниво за кое верува дека е неопходно за да се намали увозот на кинески и европски стоки и за да се зголемат приходите на неговата администрација, што би му овозможило и да ги намали даноците во земјата, вредноста на доларот на пазарите на пари сигурно значајно ќе порасне.

Значи, и покрај тоа што тарифите на Трамп ќе донесат тенденција на падот на увозот, зајакнувањето на доларот истовремено ќе произведе спротивен ефект и ќе придонесе за раст на увоз и ограничување на извозот од САД. Американскиот трговски дефицит, помалку или повеќе ќе остане непроменет.

Тоа не доведува до целите на администрацијата на Трамп. Малку е веројатно сценариото дека неговите методи ќе го елиминираат или намалат американскиот трговски дефицит.

Но, доколку успее, тоа ќе биде негов политички Ватрло. Луѓето кои Трамп ги смета за „свои“ се финансиери и претприемачи. Намалувањето на американскиот трговски дефицит би го уништило нивното богатство.

Денешните темели на американската глобална хегемонија се базираат на необичниот квази парадокс. Американскиот тгровски дефицит ја обезбедува побарувачката за нето извоз на европските и азиските капиталисти во Америка. Од друга страна, така се одржува приливот на капитал со кој се финансираат американската влада и се зголемува богаството на американските финансиери и претприемачи-пријателите на Трамп.

Ако успее обидот на Трамп да го елиминира американскиот трговски дефицит, цените на недвижностите во Мајами и на њујошката Петта авенија нагло ќе паднат, трошоците за сервисирање на државниот долг вртоглаво ќе пораснат, а Дау Џонс ќе се најде во слободен пад. Можеби треба да го потсетат Трамп дека најодмаздољубиво од сите божества е она кое ги исполнува нашите најдлабоки желби.  

Јанис Варуфакис

Проџект Синдикејт

Слични новости

TikTok има милијарда корисници, но го следат сѐ повеќе контроверзии

TikTok има милијарда корисници, но го следат сѐ повеќе контроверзии

Метеорскиот пораст на TikTok од кратка апликација за споделување видео содржини до глобален гигант во секторот на социјалните медиуми привлече големо внимание од регулаторите, особено поради неговите врски со Кина

Индија се подготвува за трговски односи со САД во новата ера на Трамп

Индија се подготвува за трговски односи со САД во новата ера на Трамп

Индија се подготвува за можни трговски разговори со САД насочени кон зголемување на американските инвестиции и поголем извоз, откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата следниот месец