Причината на падот на Аасд беше неподготвеноста на војската да се бори за режимот на Асад, како што се случи и со проамериканскиот режим на Ашраф Гани во Авганистан.
За само 10-ина дена, без да имаат време Русија, Иран и Хезболах да испратат помош, се распадна Сириската Арапска Република по 53 години. Најмногу муниција беше испукана во воздух, во знак на славје додека паѓаа Алепо, Хама, Хомс и на крај престолнината Дамаск.
Кога на бранот на „арапската пролет“ незадоволството на сунитската популација ескалираше со масовен бунт, поттикнат и финансиран од САД и заливските монархии, државата на Асад успеваше четири години да се држи сама до руската интервенција. Поради тоа е неверувањето како сега тамошниот систем се урна како кула од карти.
Упатените во внатрешните прилики во Сирија наведуваат дека кланот на Асад и неговото опкружување до таа мерка беа корумпирани што станаа омразени дури и кај Алаваитите и христијаните, па за системот што тие го персонификуваа дури и вое групи немаа мотив да се борат. Ова го потврдуваат и сцените од уривањето на споменикот на Хафес ал Аасад во Латакија и тартус каде што Алавитите и христијаните сочинуваат три четвртини од полулацијата.
Пред Сирија се тешки времиња. Трагедиите на Либија и Ирак по интервенцијата на западните сили се она што најверојатно ја чека Сирија.
Бунтот кој отпочна пред 13 години изроди неколку закрвени сунитски групации.
Тука е и сириската национална армија, настаната по обединувањето на протурските милиции кои благодарение на поддршката од Анкара станаа сериозна воена сила. Според некои извори во Алепо веќе се наоѓа и регуларната турска армија, а лирата е средство за плаќање. Во западниот дел од земјата, на левиот брег од реката Еуфрат живеат Курди, заколнати непријатели на Турција, но и на радикалните исламисти.
Сирија беше градена како длабоко милитаризирано општество. Врз моќната оружена сила почиваше режимот на семејството Асад. Сега во рацете на екстремистичките групи би можел да падне воен арсенал кој е многу помоќен и поопасен од било кога досега.
Асадовата армија имеш околу 150 борбени ловци од руско прозивдоство Мигови и Сухои и 100 хеликоптери од советско и француско производство. Има и сериозна ПВО, вклучувајќи околку 100 системи С-300, БУК М2 и Панцир С1. Овие системи кои ги напуштија посадите на денот на падот на режимот на Асад, беа бомбардирана од израелската авијација. Поради едноставноста на употребата важен плен за екстремистите би можеле да бидат и повеќе илјади прортивоздушни ракети „Стрела“ и „Игла“.
Во арсеналот на сириската армија пред почетокот на бунтот во 2011 имаше дури 4.750 тенкови од советско прозиводство Т-55, Т-62 и Т-72. Голем број од нив се уништени или одземени од страна на бунтовниците, но на денот на падот на режимот на аасад армијата арссполагаше со најмалку 1.000 тенкови, вклучувајќи и пет чети Т-90 испорачани од Русија.
Причината на падот на Аасд беше неподготвеноста на војската да се бори за режимот на Асад, како што се случи и со проамериканскиот режим на Ашраф Гани во Авганистан. Сепак, за разлика од Русите во Сирија, американските сили неколку месеци пред падот на режимот во Авганистан ја напуштија земјата.
Русите се и натаму во Сирија и нема информации дека нивните единици во базите и пунктовите дошле до судири со бунтовниците.
Се чини дека Русите се обидуваат да ги прегрупираат своите сили во зоната на Латакија, каде што се наоѓа авио-базата „Хмејмим“ и пристаништето Тартус. Кремљ соопшти дека е неизвесно натамошното присуство на Русите во Сирија. Крајот на режимот на Башар ал Асад е тешка геостратегиска загуба за Русија, но не толку како да се случеше пред 10 години.
Политика
Слични новости
Сириските бунтовници ги прават првите чекори во транзицијата на власта
Брзото соборување од власт на претседателот Башар ал-Асад ги остави Сиријците, земјите во регионот и светските сили во вторникот нервозни за она што следува, додека бунтовничката исламистичка коалиција ги прави првите чекори во транзицијата на власта
Кој беше авторитарниот претседател на Сирија Башар ал Асад
Башар ал-Асад студираше офталмологија во Лондон и планираше кариера на очен лекар. Откако неговиот постар брат Басел загина во сообраќајна несреќа...
Челничката на AfD и кандидатка за канцеларка е нетипична десничарка
Алис Елизабет Вајдел, кандидатка за канцеларка на Алтернатива за Германија (AfD), неочекувано е јавното лице на евроскептичната и противмигрантска десничарска партија којашто се претставува како бранител на традиционалните семејни вредности и обичните луѓе