Хрватските медиуми пишуваат дека ХДЗ бил „почистен “ на претседателските избори. Карактеристично е што ниту противкандидатот на Милановиќ Драган Приморац, ниту премиерот Андреј Пленковиќ не му честитаа на Милановиќ на победата.

Гласачите во Хрватска повторно му ја дадоа довербата на Зоран Милановиќ да ја води државата, откако освои три четвртини од гласовите во вториот круг од претседателските избори. Тоа беше големо фијаско за Драган Приморац и владејачкиот ХДЗ кои освоија само 25 насто од гласовите, што е најлошиот резултат на претседателски избори во историјата на ХДЗ.

Премиерот и лидер на ХДЗ Андреј Пленковиќ одби да му естита на Зоран Милановиќ и порача дека „Милановиќ не нуди ништо“, додека во победничкиот говор Милановиќ повтори дека „ќе им пружи рака на премиерот и на владата“.

Милановиќ стана трет претседател на Хрвтаска кој освои два последователни мандати нешто што досега им успеа само на Фрањо Туѓман и Стипе Месиќ. Пред да стане претседател Милановиќ беше премиер на Хрватска од 2011-2016, а ја водеше Социјалдемократската партија на левиот центар од 2007-2016.

Во вториот круг од изборите Милановиќ буквално го „збриша“ Приморац во сите големи градови остварувајќи исклучително убедлива победа 75, наспроти 25 насто. Во главниот град Загреб Милановиќ освои 80 насто од гласовите, а во Пула дури 90,1 насто од гласовите.

Поранешната премиерка на Хрватска Јадранка Косор, по објавата на резултатите изјави дека ваков легитимитет нема никој во Хрватска, а немал ниту во историјата. Таа особено го истакна легитимитетот на Милановиќ во однос на Пленковиќ за чија влада рече дека е едвај составена во Саборот.

Во победничкиот говор Милановиќ порача дека ќе се држи до Уставот. „Тоа е мојата програма. Не барам овластувања, бидејќи тука не станува збор за овластувања, туку за должности. Моја должност е да бидам рамноправен во прашањата на надворешната политика, затоа што така налага Уставот. Јас ќе бидам прв заповедник во прашањата на одбраната и безбедноста, не рамноправен туку прв по ранг, затоа што така вели Уставот“ порача Милановиќ во победничкиот говор.

ХДЗ победи на парламентарните избори во 2024 но мораше да прави коалиции за да формира влада, а сега е тешко поразен на претседателските избори. Хрватските медиуми пишуваат дека ХДЗ бил „почистен “ на претседателските избори. Карактеристично е што ниту противкандидатот на Милановиќ Драган Приморац, ниту премиерот Андреј Пленковиќ не му честитаа на Милановиќ на победата.

По тешкиот пораз Приморац остана со насмевка на лицето и им се заблагодари на сите Хрвати што гласаа за него. Но, потпретседателот на ХДЗ Бранко Бачиќ изјави дека во неговата партија очекуваа многу побобар резултат. Тој најави дека партијата ќе направи анализа на изборниот резултат, но генерално смета дека хрватските граѓани биле определни за поделба на власта, а не централизирање на власта во рацете на една партија.

Андреј Пленковиќ му честиташе на Приморац на ангажманот и на се што направи во кампањата, за која рече дека примал удари и од лево и од десно. Додаде и дека ХДЗ „ги примил на знаење резултатите од изборите“.

Би Би Си

Слични новости

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Во вторникот, на барање на нивните колеги од Словенија, сараевската полиција спроведе рации со цел да ги приведе припадниците на организираниот криминал поврзани со убиството на Сатко Кекиќ, сведокот покајник

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.