Анимираниот филм на Дизни „Зоотопиа 2“ за 18 дена прикажување заработи една милијарда и 136 милиони долари, што го прави најуспешен филм во Холивуд за 2025. Единствен друг филм што ја мина границата од милијарда долари заработка е Лило и Стич кој на Бокс Офисот заработи милијарда и 38 милиони долари.

Една од причините за фантастичниот успех на „Зоотопиа 2 “ е пазарот во Кина каде што филмот надмина заработка од 500 милиони долари. Филмот е сеуште прва на американскиот Бокс Офис и се очекува да продолжи со огромната заработка.

Следниот викенд пред божикните празници во кино салите ширум светот ќе почне да се прикажува новиот „Аватар“ на Џејмс Камерон, за кој се предвидува дека ќе ги урне сите рекорди на Бокс Офисот.

Слични новости

Концерт на Влатко Стефановски во Белград

Концерт на Влатко Стефановски во Белград

Влатко Стефановски во неговата кариера која трае половина век, со групата „Леб и сол“, но и со соло настапите, се покажа како извонреден инструменталист, пишува белградска „Политика“.