Анимираниот семеен филм „Зоотопиа 2„ на студиото Волт Дизни на Денот на благодарноста во средата заработи 39,5 милиони долари во САД, а се очекува за време на петдневниот празничен период до недела, филмот да заработи над 140 милиони долари на кино благајните во САД.

„Зоотопиа 2„ има голем успех и на странските пазари, каде што во средата заработи 41,6 милиони долари, а во Кина го собори рекордот и стана најуспешна премиера на анимиран филм.

На второто место на Бокс Офисот е мјузиклот „ Викед фор гуд“ кој надмина 200 милиони долари заработка во САД за само седум дена, а до недела се очекува филмот да стигне до заработка од 290 милиони долари.

 

 

Еден од фаворитите за Оскар оваа година „Нирнберг„ со Расел Кроу и Реми Малик засега заработи 14 милиони долари, што е солидно за филм кој не се очекува да биде блокбастер. Филмот засега се прикажува само на американскиот пазар. 

Слични новости