Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ овој викенд заработи нови 43 милиони долари од САД за вкупна заработка од 220,6 милиони долари во Америка. Надвор од САД филмот е најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.

Филмот тотално има заработено над 915 милиони долари и е единствениот филм годинава што може да мине над една милијарда заработка на Бокс Офисот по „Лило и Стич“, исто така во продукција на Дизни. Само во Кина филмот заработи 430 милиони долари.

Годинава студиото Дизни само од продукција на филмови веќе има надминато пет милијарди долари заработка на Бокс Офисот.  

 

Слични новости

Финансиерите барале од Скарлет Јохансон да не снима филм за холокаустот

Финансиерите барале од Скарлет Јохансон да не снима филм за холокаустот

Еден месец пред почетокот на снимањето ја контактирале финансиерите на филмот кои и порачале дека не им се допаѓа сценариото во која главната протагонистка на филмот, Еврејка, лажно тврди дека била жртва на Холокаустот и ја прашале дали може да ја смени темата.