Секвелот на Дизни -анимираниот филм „Зоотопиа 2“ заработи 156 милиони долари за празничниот викенд во Америка и дополнителни 400 милиони долари надвор од САД за фантастичен резултат од премиерната недела на Бокс Офисот од 556 милиони долари.

Во Кина филмот заработи неверојатни 272 милиони долари, што го прави втор филм со најголем заработка од американските филмови прикажани во Кина зад „Авенџерс“. 

„Зоотопиа 2“ стана филм со најголема заработка од првата недела на прикажувањето меѓу анимиранте филмови, што е само еден од многубројните рекорди што ги урна филмот и четврти на вечната листа на филмови со најголема заработка во премиерен викенд. 

На втората позиција на Бокс Офисот е мјузиклот „Викед фор гуд“ кој викендов заравоти 93 милиони долари во САД, за тотална заработка од 270 милиони долари во САД за две недели прикажување и 400 милиони долари глобално.

На специјализираниот Бокс Офис премиерата ја имаше филмот Хамнет, еден од кандидатите за Оскар со Пол Мескал и Џеси Бекли во главните улоги.

 

 

Слични новости

Џуди Денч отворено призна дека видот и е толку влошен што веќе не може да препознае никого

Џуди Денч отворено призна дека видот и е толку влошен што веќе не може да препознае никого

На Оскаровката претходно и беше дијагностициран макуларна дегенерација поврзана со нејзината возраст. Мајо клиниката соопшти дека оваа болест предизвикува заматена глетка или намалена видливост и се случува кај луѓе над 50 годишна возраст.

Брижит Бардо ги смирува загрижените обожаватели

Брижит Бардо ги смирува загрижените обожаватели

Поранешната француска филмска ѕвезда и активистка за заштита на животните, Брижит Бардо, моментално се опоравува и сака да ги увери оние кои се загрижени за нејзиното здравје, соопшти нејзината фондација