Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто во периодот меѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник на оружје по руската инвазија во 2022 година, покажуваат податоците на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (SIPRI) објавени во понеделникот.

Податоците на SIPRI, исто така, укажуваат на континуирана доминација на САД на глобалниот пазар, бидејќи американските компании го зголемиле својот удел во извозот на оружје од 35 проценти во периодот 2015-2019 година на 43 проценти во периодот 2020-2024 година.

Американскиот извоз на оружје е еднаков на комбинираниот извоз на следните осум земји.

Кога станува збор за увоз, 28 отсто од оружјето во периодот 2020-2024 година отишло во Европа, додека во претходниот период, од 2015 до 2019 година, Европа учествувала во увозот со само 11 отсто.

Гледајќи ги земјите, 8,8 отсто од оружјето било увезено во Украина меѓу 2020 и 2024 година, а половина од тој процент доаѓа од Соединетите држави, пред американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине испораката на оружје за Киев.

Војната во Украина ја покажа својата зависност од американското оружје, иако трансатлантската алијанса, основата на европската безбедносна архитектура по Втората светска војна, често се доведува во прашање. САД обезбедиле повеќе од половината од увозот на оружје во Европа во четиригодишниот период од 2020 до 2024 година, а првите тројца купувачи биле Обединетото Кралство, Холандија и Норвешка.

 

Европските челници минатиот четврток го поддржаа планот за зголемување на трошоците за одбраната, што следеше по пресвртот во надворешната политика на САД на почетокот на вториот мандат на претседателот Трамп.

„Со сè повоинствената Русија и трансатлантските односи под прашање, европските членки на НАТО презедоа чекори за да ја намалат нивната зависност од увоз на оружје и да ја зајакнат европската индустрија за оружје“, тврди Питер Веземан, виш истражувач во SIPRI.

„Сепак, трансатлантските врски во набавката на оружје имаат длабоки корени. Увозот од САД се зголемува, а европските членки на НАТО нарачале околу 500 борбени авиони и многу други видови оружја“, додава Веземан.

Рускиот извоз на оружје паднал на 7,8 отсто од глобалниот пазар меѓу 2020 и 2024 година, речиси трипати помалку од 21 отсто во претходниот четиригодишен период. Ова делумно е резултат на меѓународните санкции поради војната во Украина а многу повеќе на зголемената домашна побарувачка за оружје.

Увозот на Азија и Океанија падна за 21 процент, најмногу поради тоа што Кина сега произведува многу повеќе свои оружја, забележуваат во SIPRI.

globe

Слични новости

Димитриеска Кочоска: Македонската економија веќе не е во стагнација

Димитриеска Кочоска: Македонската економија веќе не е во стагнација

Веќе почнуваат да се гледаат и видливи се резултатите од нашата работа. Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, осврнувајќи се на податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика за невработеноста, индустриското производство и извозот.

Кинескиот извоз скромни пораснал на почетокот на 2025.

Кинескиот извоз скромни пораснал на почетокот на 2025.

Кинескиот извоз се зголемил само малку во јануари и февруари, додека увозот остро паднал, покажаа во петокот објавените царински податоци, како одраз на влијанието на зголемените трговски тензии со САД и Европската унија

Европските берзи на пат за седмични загуби

Европските берзи на пат за седмични загуби

Берзанските индекси паднаа на европските берзи во петокот, како и претходниот ден на Волстрит, бидејќи неизвесноста ги зафати пазарите поради нејасната трговска политика на Вашингтон