Расположението во германската хемиска индустрија остро се влоши во октомври, што одразува послаби деловни активности и полоши прогнози за наредните месеци, покажа месечното истражување на економскиот институт Ifo објавено во понеделникот.

Индексот на деловната клима се лизна уште подлабоко во негативна територија во октомври, за 7,4 поени во споредба со септември – на минус 12 поени, според сезонски прилагодените податоци.

Очекувањата на деловните челници во хемискиот сектор за наредните месеци знечително се влошија, според падот на индексот за дури 9,6 поени, на минус 13,3 поени.

И работењето се влошило во споредба со крајот на летото, при што индексот падна за 5,5 поени, на минус 25,3 поени.

Германија воведе низа значајни фискални мерки за стимулирање на економијата, вклучувајќи фонд за инфраструктура од 500 милијарди евра и пакет даночни олеснувања од 46 милијарди евра за поддршка на компаниите до 2029 година, потсетува Reuters.

„Во сегашната економска ситуација, мерките за помош на германската влада не се доволни за да го свртат трендот“, вели Ана Волф, експертка на Ifo за индустрија.

Хемискиот сектор игра важна улога во германската економија и вработува околу половина милион луѓе, но е под притисок поради високите трошоци за производство.

Зголемениот притисок од странската конкуренција ги принудува многу компании да ги намалат цените, што се одразува во остриот пад од 11,2 поени во соодветниот индекс, кој ги мери плановите на компаниите за движењето на цените. Неговата вредност падна од позитивна на негативна територија во октомври, според анкетата на лидерите во индустријата од институтот Ifo.

Нарачките, исто така, биле исклучително слаби во октомври, а компаниите не очекуваат никаква помош од странство, покажа анкетата. Индексот на неисполнети нарачки паднал на минус 68,9 поени во октомври, најниско ниво за повеќе од три децении.

„Комбинацијата од послаба конкурентност, сè пониските продажни цени во комбинација со високите трошоци и слабите нарачки ги принудува компаниите да ги намалат инвестициите и уште повеќе да го намалат бројот на вработените“, забележува Волф.

Стапката на искористеност на капацитетите падна на 71 отсто, што е далеку под просекот од 81 отсто во последните десет години, според извештајот на Ifo.

„За маржите на индустријата навистина да се нормализираат, стапката на искористеност треба да биде поблиску до 85 отсто“, коментира за Reuters Џеф Хејр, раководител на истражувањето за регионот ЕМЕА во UBS.

Многу големи компании во германската хемиска индустрија, вклучувајќи ги BASF и „Covestro“, ги намалија своите годишни прогнози за профит барем еднаш, забележува Reuters.

globe

Слични новости

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse