Економскиот сентимент во еврозоната во март падна, со значаен пораст на песимизам кај потрошувачите, покажува денеска објавениот извештај на Европската комисија.

Вредноста на индикаторот ЕСИ кој го мери сентиментот во економијата падна за 1,6 поени и изнесува 96,6, што е под очекувањето на аналитичарите и долгорочниот просек од 100 поени.

Потрошувачите се многу попесимисти по прашањето на економската ситуација и финансиите на домаќинствата, додека истовремено очекуваат раст на цените.

Овие тенденции укажуваат на загриженост на европските потрошувачи и претставниците на бизнисот поради глобалните геополитички тензии и инфлаторните притисоци.

Слични новости

Акциите на Мета пораснаа за 10 насто

Мета во четвртиот квартал на 2025 оствари добивка од 8,88 долари по акција, над проценките на аналитичарите, додека приходите достигнаа 59,89 милијарди долари, исто така над очекувањата, пренесува ЦНБЦ.

Лукоил ги продава странските имоти на американската компанија Карлајл

„Лукоил“ објави дека ќе ги продаде своите странски имоти на американската инвестициска група „Карлајл“, неколку месеци откако САД воведоа санкции против втората по големина руска нафтена компанија, заедно со „Роснефт“.