Цените на нафтата се зголемија во средата на меѓународните пазари кон 74 долари, бидејќи падот на залихите во САД сигнализираше силна побарувачка, по објавувањето на САД за царини за купувачите на барели од Венецуела што може да ја намали понудата.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 88 центи повисока од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 73,90 долари. Речиси за исто толку порасна цената и на барелот на американскиот пазар каде со него се тргуваше по 69,94 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно денеска објави дека барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки во вторникот поскапел за 63 центи, на 75,74 долари.

Трговците седмицава се загрижени од најавата на САД за царини за земјите кои купуваат нафта и гас од Венецуела. Во понеделникот, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршен указ со кој се овластува Кабинетот да воведе царини од 25 отсто за сите увозни производи.

Најголеми купувачи на венецуелска нафта во февруари беа Кина и САД, но Вашингтон тогаш му наложи на американски „Shevron“ да ги прекине операциите во Венецуела до почетокот на јуни.

Кинеските купувања на венецуелска нафта беа запрени во вторникот по санкционирањето на кинеска приватна рафинерија, танкер кој ја транспортирал венецуелската нафта и пристанишните терминали каде што таа се складирала, при што трговците и рафинерите во светот изјавија дека го чекаат следниот потег на Вашингтон и инструкциите од Пекинг.

Венецуела потенцијално би можела да изгуби 4,9 милијарди долари приход, што е повеќе од половина од извозот на нафта или повеќе од 10 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП), велат аналитичарите.

„Снабдувањето е тесно на физичките пазари, бидејќи бранот американски санкции ги пренасочи пратките“, вели аналитичарката на „Panmurа Liberum“, Ешли Келти.

Шпекулациите за намалената понуда следеа по податоците што сигнализираа силна побарувачка во САД. Залихите на сурова нафта паднаа за 3,3 милиони барели минатата седмица, а залихите на бензини за 1,4 милиони барели, објави Министерството за енергетика. Незначително паднаа и залихите на дестилати, за 420 илјади барели.

Посилниот раст на цените беше попречен од шпекулациите дека OPEC и нејзините сојузници големи независни производители предводени од Русија, ќе пласираат повеќе нафта на пазарот.

Оваа групација познаа како OPEC+ можеби го зголемува производството во очекување на можни санкции на САД, со што делумно компензира за загубата до 1,5 милиони барели дневно од иранскиот извоз, додека ја зачувува стабилноста на цените, шпекулира Хорхе Леон од „Rystad Energy“.

Групацијата веќе објави дека од април ќе пушти дополнителни околу 138.000 барели нафта дневно на пазарот.

globe

Слични новости

Британските автомобилски компании бараат поддршка од владата поради царините на Трамп

Британските автомобилски компании бараат поддршка од владата поради царините на Трамп

Британските автомобилски компании бараат поддршка од владата, бидејќи се помали се шансите дека може да се постигне договор со американскиот претседател Доналд Трамп за царините кои сака да им ги воведе на европските држави, пренесе Би Би Си.

Три големи корејски компании прават подготовки за враќање на рускиот пазар

Три големи корејски компании прават подготовки за враќање на рускиот пазар

Три големи глобални компании „Хиндаи мотор груп“, „Самсунг електроникс“ и „ЛГ електроникс“, ја разгледуваат можноста за нивно браќање на рускиот пазар по најавите дека ќе бидат ублажени санкциите кон Русија, пишува Кореја тајмс.

Цените на нафтата паднаа кон 73 долари

Цените на нафтата паднаа кон 73 долари

Цените на нафтата паднаа во петокот на меѓународните пазари до 73 долари бидејќи расположението на инвеститорите беше обележано со најавите за американски царини