Движење ЗНАМ – За Наша Македонија официјално утре до сите парламентарни политички партии ќе понуди Национална платфрома за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии, објави денеска претседателот на партијата Максим Димитриевски на Свечената академија што се одржа по повод една година од постоењето на партијата.

Целта на оваа платформа, потенцира, е да ги обедини сите политички фактори, да се изгради државен став со кој ќе се обезбеди и гарантира достоинствен пат на Македонија за остварување на стратешките цели – полноправно членство во ЕУ. Време е, порача Димитриевски, Македонија да ја вратиме на крушевските принципи, така како што пишува и пишале во Манифестот.

„ЗНАМ нуди платформка за национално обединување, за заедничко градење на силна, моќна, слободна и европска Макеоднија, во која сите граѓани се еднакви во правата и одговорностите кон идните генерации, платформа за мир, слобода и реален вистински соживот, бидејќи ова што денес го живееме, во општество каде децата ни се поделени од градинка и основно образование е само фикција, за земја која на секој граѓанин му обезбедува спокој, можност за развој и чувство на достоинство. Ве повикувам да се сплотиме околу заедничките вредности, да продолжиме напред на европскиот пат сите заедно со чест и достоинство. Доста е со поделби, раздори и не почитување бидејеќи Македонија е се што имаме“, повика Димитриевски.

До премиерот Христијан Мицковски, кој присуствуваше на Свечената академија, Димитриевски со порака: не чека голема работа, а ние од „ЗНАМ“ сме тука да го поддржиме овој концепт и секогаш ќе го поддржуваме кога се работи за подобра иднина на македонскиот народ на граѓаните на Македонија и на наша Македонија.

Претседателот на ЗНАМ се осврна и на претседателската кампања, кога, како што потсети, кажал една реченица, дека можеби е дојдено времето во Македонија повторно да се сплотат и спојат, како што рече, партизаните и комитите, како што некогаш во Втората светска војна нашите предци го направиле тоа

globe

Слични новости

Собранието ја изгласа предлог-одлуката за објавување јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на МРТ

Собранието ја изгласа предлог-одлуката за објавување јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на МРТ

Собранието денеска во рамки на 38. седница ја изгласа предлог одлуката за објавување на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот Совет на Македонската радио телевизија, како и таа за именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен

ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите

ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најостро ги осуди политичките напади врз синдикатот и рече дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба.

Мирче Ѓоргоски нов командант на Командата за операции, најголемата оперативна команда во АРМ

Мирче Ѓоргоски нов командант на Командата за операции, најголемата оперативна команда во АРМ

Врз основа на Укази на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, должноста командант на КО од бригаден генерал Бесник Емини ја прими бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.