Европските берзански индекси се денеска неудначени, а цената на златото достигна нов рекорд и ја надмине цената од 4.999 долари по унца.
Инвеститорите ги следат геополитичките напнатости околу Грендланд и Иран, што придонесе инвеститорите да се свртат кон сигурни утошишта како што е златото, што резултира со постојано кревање на цената на златото.
Индексите на франфурстката и француската берза денеска бележат благ пад, а лондонски ФТСЕ забележа незначителен раст.
Американските берзански индекси, пак се во пораст. Дау Џоунс порасна за 0,63 насто, С&П 500 за 0,55 насто, додека Насдак порасна за 0,91 насто.
Слични новости
Ако продолжи војната на Блискиот исток цената на нафтата може да надмине 100 долари по барел
Аналитичарите предупредуваат дека повеќе немири, хаотичен вакуум во власта, напади што би го прекинале производството или продолжено затворање на клучниот Ормутски теснец би можеле да ја зголемат цената на нафтата на 100 долари за барел или повеќе.
Нафтата скокна за 8 долари по барел по конфликтот на Блискиот исток
Американската сурова нафта се зголеми за околу 8 долари за барел, или 12 проценти и таа сега изнесува околу 75 долари за барел. Цената на нафтата Брент пак скокна на 82 долари за барел.
Златото повторно урива рекорди
Според најновите податоци на берзите, цената на златото достигна 4.594 евра за една унца, или 147 евра за еден грам 24 каратно злато.


