Откако во јануари 2026 година цената на златото достигна 5.500 долари за унца, потоа таа претрпе значајна корекција и падна на 4.100 долари. Но, според прогнозите на експерти за „Фаненшал тајмс“, златото би можело да достигне нов историски максимум за 12 до 18 месеци.
Прогнозите се засниваат врз очекувањата дека инвестиорите ќе продолжат да бараат заштита од геополитичката неизвесност, трурбулензиите на берзите и пазарите, инфлацијата и падот на цената на државните обврзници.
Голдман Сакс прогнозира дека до крајот на годината цената на златото за унца ќе достигне 4.900 долари за унца, што е за 800 долари повеќе од сегашното ниво.
Слични новости
Европските берзански индекси во пораст по падот на цената на нафтата
Европските берзански индекси денеска главно се во пораст по падот на цената на нафтата Брент на 95 долари за барел, поради сигналите дека извозот на нафта од Блискиот исток се опоравува побрзо од тоа што се очекуваше.
Европа со нови проекции за работениот век-во Данска ќе се работи до 74 години
Организацијата за економска соработка и развој проценува дека границата за пензионирање дополнително ќе расте со зголемувањето на очекуваниот животен век, додека голем број земји веќе спроведуваат постепено покачување на прагот.
Американскиот пазар на трудот и инфлацијата во Европа во фокусот на инвеститорите оваа недела
Инвеститорите оваа недела ќе следат низа важни економски показатели во САД, Европа и Азија, а главниот фокус ќе биде на податоците за американскиот пазар на трудот и инфлацијата во Европа.


