Златото го продолжи растот втор ден по ред по коментарите од Федералните резерви што ги намалија очекувањата за зголемување на каматните стапки, како и по извештајот дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да ја прекине војната со Иран без повторно отворање на Ормускиот Теснец.
Благородниот метал порасна до 2,4 отсто во вторникот.
Доколку се појави мировен договор, златото нагло ќе порасне. Во спротивно, ако дојде до некаква копнена инвазија од страна на американските сили, може да се очекува златото да реагира обратно и да тргне надолу.
Слични новости
Цената на нафтата откако синоќа падна, денеска повторно надмина 100 долари за барел
Раст на цената на нафтата уследи откако вчера се намали за 10 отсто по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи нападите врз Иран и најави разговори со Техеран.
Словенија го ограничи купувањето гориво
Словенија го ограничи купувањето гориво за да се справи со недостигот на бензинските пумпи, предизвикан делумно од прекуграничното снабдување со гориво и складирањето поради војната во Иран.
Голдман Сакс: Европската централна банка во април ќе ги качи каматните стапки
Њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс очекува дека Европската централна банка (ЕЦБ) во април и во јуни ќе ги зголеми каматните стапки за по 25 базни поени.


