Цените на златото во понеделникот надминаа 3.100 долари за унца, поради стравувањата на инвеститорите дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го забават економскиот раст, како и континуираната побарувачка од централните банки.
На физичкиот пазар, унцата злато попладнето чинеше 3.117,29 долари, што е за 1,1 отсто повеќе од затворањето на тргувањето во петокот. Неговата цена накратко скокна и на 3.128,06 долари.
И кај терминските договори (фјучерсите) на американскиот пазар, со златото денеска се тргуваше и по 1,1 отсто повисока цена, по 3.151,10 долари за унца.

Само од почетокот на годината златото поскапе за околу 18 отсто. што претставува најсилен квартален раст од 1986 година. Во целата 2024 година, неговите цени скокнаа за околу 27 отсто, поттикнати, меѓу другото, од побарувачката од централните банки.
Од неодамна, најавите за американски царини, исто така, пружаат поттик на цените.
Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува во среда да воведе реципрочни царини за сите земји кои воведуваат царини за американски стоки, а тарифите за увоз на автомобили исто така треба да стапат во сила во четврток.
„Порастот на побарувачката на злато ја одразува вознемиреноста на инвеститорите за царините. Постојат стравувања дека (наметите) ќе го ограничат економскиот раст“, а овие грижи ги поддржуваат цените на благородниот метал, објаснува Нитеш Шаг од „WisdomTree“.
Инвеститорите традиционално купуваат злато за да ја заштитат вредноста на сопственоста за време на периоди на зголемена политичка нестабилност и да се спротивстават на падот на каматните стапки. Централните банки, исто така, се обидуваат да ги зајакнат своите биланси и да осигураат залихи во период на геополитички и економски тензии.
Цената на среброто, пак, падна на физичкиот за 0,4 отсто, на 33,96 долари за унца. Платината и паладиумот поскапеа за 0,8 отсто, на 991,55 долари и 979 долари за унца, соодветно.
Слични новости
Цените на нафтата блиску до 75 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари близу нивото од 75 долари, балансирајќи меѓу загриженоста за понудата од Русија поради американските закани со царини и стравувањата дека бранот царини би можел да го спречи глобалниот економски раст и побарувачката на енергија
Италијанската „illy“ размислува за печење кафе во САД
Италијанскиот производител на кафе „illycaffè“, објави дека ја разгледува можноста за печење кафе во САД за да ја елиминира заканата од поскапувања што би настанале со новите царини
Инфлацијата во еврозоната благо слабее во март
Инфлацијата во еврозоната благо ослабе во март, бидејќи значително поумерениот пораст на цената на услугите го надмина скокот на цените на свежата храна, покажаа во вторникот објавените проценки на Европската статистичка служба